Започна процесот за утврдување законско решение за поранешните и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија, вели Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
Сметаме дека првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите треба да се одржи веднаш и без одлагање и работиме тоа да се случи уште во јунскиот самит на ЕУ, рече на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Според Симовски, оние кои повикуваат на бојкот, го користат овој чувствителен момент кај граѓаните и пропагираат за неучество заради пандемија, не им е целта заштита на населението. Целта им е, да нема попис во оваа држава и таа да тоне во кал што е можно подлабоко, а не да оди напред.
Во моментов не се размислува за одложување на Пописот, но не е проблем кратко пролонгирање ако треба да се вакцинираат попишувачите, порача Симовски.
Современиот градски пазар преку почитување на сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната, ќе биде уште едно место двигател на локалната економија тука во Општина Делчево, заедно со текстилните претпријатија за производство на кошули, ХТЗ- опрема, претпријатија од дрвната индустрија, како и земјоделските дејности во кои се вклучени најголем број од населението, изјави Зоран Заев.
Со исполнување на мерките од Планот се зголемува транспарентноста на општините, се подобруваат услугите за граѓаните, порача Николовски од работниот состанок во Кочани.
Заев и Шекеринска одржаа средба со адмиралот Бурк. Се слави првата годишнина од нашето членство во НАТО со растечка буџетска поддршка за армијата и во време кога приоритет е санирањето на последиците од пандемијата.
Разгледуваме неколку опции за да се олесни процесот на набавка на вакцини, незнам која ќе биде избрана, но се работи динамично на тоа бидејќи ја разбираме ситуацијата на сите земји, а и сфаќаме колку е тоа важно за вас, изјави адмиралот Бурк.
На Белградскиот саем во тек е вакцинација на голем број странски државјани кои се имаат пријавено преку системот е-Управа, од кои најмногу има државјани на Босна и Херцеговина и Црна Гора. Се очекува вакцинација и на огромно мнозинство македонски државјани.
М. Миткоска





