Со поетско читање на македонски, германски, англсики, француски и шпански јазик во Европската куќа во Крива Паланка беше одбележан Светскиот ден на поезијата.
Настанот го во организираше Европската куќа во Крива Паланка, а се реализира во соработка со средно општинско училиште „Ѓорче Петров“, центарот за младински инциијативи „Цик-цак“ и литературен клуб „Калин“ од библиотеката „Кочо Рацин“ на Центарот за култура – Крива Паланка.
– Збогатувајќи ја културната понуда за младите во градот, реализиравме настан насловен „Отворен микрофон“ со кој одбележувањето на светскиот ден на поезијата беше повод да се соберат на едно место млади од неколку организации и институции на локално ниво, од средношколци, од гимназијата „Ѓорче Петров“, преку млади од невладиниот сектор НВО „Цик-цак“ , до млади поети од литературниот клуб „Калин“ на Националната установа Центар за култура од градот. И како што тоа спонтано и случајно го умее само поезијата, настанот се поклопи со стогодишнината од раѓањето на нашиот великан Блаже Коневски, во чија чест се читаше неговата „Везилка“, рече Димитар Петровски од Европската куќа во Крива Паланка.
Тој посочи дека настанот ги обедини младите локални поети и љубители на поезијата, звучните национални и големи европски поетски имиња, чиишто дела се интерпретираа оваа вечер.
– И на симболичен начин покажуваме дека културата и убавиот пишан збор не зближуваат и обединуваат во различностите. Како што рекол Жан Кокто „Поетот е лажго кој секогаш ја зборува Вистината“ или пак Оден „Поезијата е чиста експресија на измешаните чувства“, нашите млади поети и поетеси со стихови да ги разбудија нашите емоции и мисли преку делата на Рајхард Киплинг, Англија, Пол Верлен,Франција, Ели Мичлер, Германија, Лопе Дел Вега, Шпанија, како и нивни авторски дела, додаде Петровски.
извор: МИА