ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Со предизвиците сега се соочуваме заедно со 29 наши пријатели

March 27, 2021 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред точно една година станавме полноправна членкана Севернолантската алијанса. Патот до членството беше долг и тежок, чекавме 20 години најмногу од сите кандидати во историјата на организацијата, но и покрај сите одлагања не се откажавме затоа што тоа беше и останува наша клучна стратешка цел од независноста до денес, изјави претсдателот Стево Пендаровски во обраќањето на на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.

– Со тоа ги заокруживме заложбите на повеќе парламентарни состави и влади и ја материјализиравме поддршката која во континуитет ни ја даваше огромното мнозинство македонски граѓани. И пред членството ние ги споделувавме вредностите и принципите на сојузот, спроведуваме реформи во одбраната, се проверуваме на заедничките воени вежби, учествуваме во ризични мирновни мисии и на тој начин  активно придонесувавме за нашата и за заедничката безбедност, порача Пендаровски.

Тој нагласи дека бевме свесни дека членството во НАТО не е гаранција дека веќе нема да се соочуваме со предизвици, бидејќи се тие неминовни за секоја држава во светот, меѓутоа членството е гаранција дека кога ќе се соочуваме нема да бидеме сами и дека нашата подготвеност за отпор и за одбрана ќе биде мултиплицирана.

– Нашата прва година од членство токму тоа го потврди. Пандемијата која што започна како здравствена криза брзо прерасна во економска,социјална и еколошка криза. Ние и светот претрпевме непроценливи човечки и огромни материјални штети. Се уште е многу рано да се согледаат сите долгорочни последици од оваа несреќа. Но едно е очигледно. Целиот свет живее во епоха на исклучитена непредвидливост, истакна Пендаровски.

Тој додаде дека во денешниот свет се менуваат не само бројот и интензитетот, туку и карактерот на безбедносните ризици и хибридни закани кои се прекомплексни за менаџирање и за најмоќните држави и токму тука се предностите од членството во НАТО.

– Имено многу од проблемите со кои како држава се соочувавмем пред пандемијата, и пред членството не исчезнаа, но станаа полесни за носење. Денес над нас како симбол на нашата поврзаност прелетуваат воени авиони на НАТО, кои се дел од воздушното патролирање и заштита на нашето небо, кое е делод заедничката евроатлантска територија, предмет на колективна заштита, додаде шефот на држвата.

Претседателот на Републиката нагласи дека веќе една година учествуваме во сите работни комитети и тела, и носиме заедно стратешкии одлуки како рамноправна членка и имаме целосен пристап кон најрелевантните информации со кои располага Алијансата.

– Тој механизам за размена на информации ни помага да ја превенираме опасноста и подобро информирани да креираме политики и да носиме одлуки за виталните безбедносни и надворешно политички прашања, истакна Пжендаровски.

Во исто време, наласи тој, дел сме од координативнте механизми на НАТО за справување и со хрибридните закани и кампањите за дезинформирање на јавноста, а во однос на пандемијата, Алијансата  беше и се уште е ангажиран здравствената криза да не премине во безбедносна.

– Преку солидарните механизми на НАТО, уште на самиот почеток, добивме неопходна медицинска опрема и материјали нои споделно знаења и искуства. Во овој период на глобална неизвесност и геополитички тензии, НАТО е важен стабилизирачки фактор за Северна Македонија. Но, оваа поддршка и солидарност е двострана, на наша територија во услови на прогласена кризна и воена состојба ја ангажиравме армијата како поддршка на МЗ и МВР и на единиците на локална самоуправа, рече Пендаровски.

Шефот на државата нагласи и дека нашата Амрија продолжуваме со учество во мировните мисии и во моментов нејзини припадници се дел од мисијата решителна поддршка во Авганистан, а во ноември 2020 за првпат станавме дел од мисијата КФОР на Косово, со што почанвме да придонесуваме директно и за стабилноста на регионот.

– Со цел да ја засилиме отпорноста на државата кон новите и старите закани, продолжуваме да вложуваме во модернизација и развој на Армијата. Во тој дел меѓу претседателот и Владата посто  консензус за прецизна временска рамка кога треба да ја постигнеме целта за издвојување на два проценти од БДП за одбраната и ние имаме намера да го испочитуваме дадениот збор, рече Пендаровски.

Тој нагласи дека за да бидеме подготвени за постковид еднакво важно е да ги негуваме темелните вредности на западната алијанса, слободата, демократијата и владеењето на правото како основни предуслови за економски и социјален развој.

– Но, на предизвиците, сега не им гледаме сега во очи сами, со нас се 29 држави, 29 демократии, 29 моќни армии, 29  наши пријатели и во добри и во лоши времиња, истакна Пендаровски во обраќањето.

извор: МИА

Next Post

Борисов: Ќе предложам да испратиме 5.000 вакцини идната седмица во Северна Македонија

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk