Северна Македонија ја прави Алијаната посилна, а САД се гордеат што ве имаат за сојузник. Со нетрпение очекувам уште многу години соработка и успех меѓу Северна МАкедонија, САД и НАТО. Ова денеска преку видео-порака го изјави вршителот на должност потсекретарка за одбрана на САД за политика Аманда Дори, честитајќи ја првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО.
-Задоволство е да го прославиме овој значаен настан со вас, посебно по случувањата во изминатата година предизвикани од пандемијата со Ковид-19. Иако Северна Македонија прославува една година како сојузник во НАТО, вашето партнерство со Алијансата започна пред многу години и беше зајакнато низ годините преку посветеност и соработка, рече Дори.
Додаде дека придонесот на Северна Македонија во мисиите на НАТО во Авганистан, Ирак и Косово, ja подобриле силата на Алијаната, како и стабилноста и безбедноста во овие региони.
-Мораме да ја продолжиме да ја поддржуваме демократијата, идејата за правда и слобода и да се бориме против дезинформациите и нивното малигно влијание врз демократските системи. Најважно е Алијансата да остане обединета додека се соочуваме со овие предизвици, истакна потсекретарката за одбрана.
Дори истакна дека од 1949 година НАТО се докажа дека е најсилната Алијанса во историјата, споделувајќи заеднички вредности на демократија, индивидуални слободи и владеење на правото, обезбедувајќи при тоа колективна безбедност.
-Но нашата работа се уште не е завршена. Мора да продолжиме да работиме заедно за да го зачуваме мирот и безбедноста, да закрепнеме од пандемијата со Ковид-19 што силно ја засегна популацијата, здравствените системи и економиите ширум светот, посочи во видео-пораката вршителот на должност потсекретарка за одбрана на САД за политика, Аманда Дори.
извор: МИА







