ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Со континуирани инвестиции се гради квалитетно високо образование

March 29, 2021 15:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Само континуитет на инвестиции во образованието може да донесе квалитетно образование.  Ова е посебно значајно во високото образование, каде што од една страна студентите имаат можност својата пракса да ја извршуваат во соодветни и модерни услови, а од друга страна, условите за работа на професорите се навистина соодветни на нивните потреби, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Стоматолошкиот факултет во Скопје, каде е реализирана значајна инвестиција во опрема со средства од буџетот на МОН.

„За прв пат, после многу години, Министерството за образование и наука одвојува средства, решивме да го направиме тоа и директно да му помогнеме на овој факултет да се модернизира. Министерството за образование и наука, заедно со Владата на РСМ и во иднина во континуитет но секако и по план ќе инвестира во високото образование“, изјави Царовска.

Со инвестицијата од 5 милиони денари опремени се новите клинички сали сместени на три катедри, со што студентите добиваат соодветни услови за успешно спроведување на клиничките вежби.

Деканот на Стоматолошкиот факултет д-р Ќиро Ивановски рече дека управата на Универзитетот, ректорот како и Министерството за образование и наука ги препознале потребите на Факултетот за набавка на современа опрема.

„На Стоматолошкиот факултет повеќе од 20 години не е вложувано во опремата за изведување на практична настава на студентите по стоматологија. За да еден стоматолог биде навистина добро едуциран за да спроведува стоматолошка услуга потребна опрема којашто ќе ги задоволи потребите на едукацијата. Со опремувањето на двете сали, се задоволени потребите за вистинско спроведување на наставата, пред се од практичен аспект, којашто е неопходна за идните стоматолози“, изјави деканот Ивановски.

Министерството за образование и наука посебно внимание посветува на унапредувањето на науката преку обезбедување на планско, програмско и грантово финансирање. Наскоро ќе има целосно нов закон за научно истражувачка дејност кој ќе обезбеди повеќе нови бенефиции за научно-истражувачките работници, што е значајно за Стоматолошкиот факултет којшто истовремено изведува и научно-истражувачка дејност.

Next Post

Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок

НАЈНОВО

Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk