Денеска, министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенгхе ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Церемонијата за пречек во Министерството за одбрана ќе се одржи во 10.00 часот, по што ќе се одржи средба на министерката Шекеринска и министерот Фенгхе.
Повикуваме фоторепортери и сниматели за фотографирање и видео инсерти од свечената церемонија и средбата на двајцата министри.
Заради процедурите за влез и заштита во време на пандемија, ве молиме да пристигнете на влезот на Министерството за одбрана (ул. „Орце Николов“ 116, Дебар Маало – Скопје), најдоцна до 09.30 часот..
Согласно мерките за заштита од КОВИД-19, задолжително е одржување на растојание, носење на заштитна маска, документи за идентификација или прес – акредитација.





