ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата ги упати измените на Законот за попис до Собранието, Заев очекува поддршка од сите партии за одлагање на процесот

March 31, 2021 07:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2021 година, со кои се врши менување на датумите за спроведување на оваа статистичка операција. Премиерот Зоран Заев вчера изрази надеж дека сите политички партии ќе ги поддржат измените на Законот, иако Алијансата за Албанците и Алтернатива најавија нивна блокада, нагласувајќи дека не поддржуваат одложување на пописот.

Владината прес-служба по вчерашната седница на Владата соопшти дека до Собранието ќе биде доставен Предлог-закон со внесените измени и дополнувања со кои пописот се одлага за септември 2021 година и процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората се продолжува до крајот на одржувањето на статистичката операција.

Одлуката за одлагање на пописот беше донесна на завчерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои се договорија теренскиот попис, кој требаше да почне од утре, да биде одложен и да се спроведе од 5 до 30 септември оваа година, со цел да се создаде можност за имунизација на населението и на попишувачите. За да може да се спроведе ова одлагање, потребна е измена на постојниот Закон за пописот во 2021 година.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера изјави дека измените во Законот за попис се мали и се сведуваат на две прашања – дека датумот на пописот наместо од 1 до 21 април ќе биде од 5 до 30 септември и дека дијаспората ќе може да продолжи да се попишува до 30 септември, кога треба да заврши теренскиот дел на пописот.

Тој најави дека ќе предложи Владата да ги испрати измените на Законот во Собранието „со европско знаменце“ и по скратена постапка, како што беше и примарно предложен, со што не очекува можност за блокади.

Меѓутоа, коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива соопшти дека се противи на одложување на пописот. Лидерите на двете опозициски партии, Зијадин Села и Африм Гаши на прес-конференција во Собранието истакнаа дека не го прифаќаат одложувањето на теренското попишување и најавија дека нивните 12 пратеници ќе гласаат против измените за Законот за попис.

– Ќе ги искористиме сите средства и се што е во наша моќ овој процес да продолжи. Оваа форма на одложување на пописот, како што постапија Заев и Мицкоски за нас е неприфатлива. Пописот не треба да се политизира, туку конечно да знаеме колку сме и да се носат одлуки врз основа на тоа, изјави Гаши.

Села, од своја страна, нагласи дека оваа коалиција има механизам да спречи промена на Законот за попис преку Бадинетеровото мнозинство.

Премиерот Заев вчера на прес-конференција изјави дека верува оти сите парламентарни партии одговорно ќе се однесуваат и ќе ги поддржат измените на Законот на попис.

– Законот за попис како што беше предложен во Собранието, така се предложени и измените, со европско знаме. Роковите се јасни. Но, секако очекувам да изнајдеме решение за поддршка на оваа проблематика од страна на сите политички партии, истакна Заев, посочувајќи дека нема никаква причина за блокада од страна на Алијансата за Албанците и Алтернатива, бидејќи кога се носеше Законот, токму овие партии предлагале самиот попис да се одложи од април за јуни.

Заев изрази надеж дека на утрешната средба на претставниците на парламентарните партии ќе се изнајде решение.

– Иако средбата за утре е закажана за Законот за државјанствата…, ако има потреба да се разговара за пописот, јас ќе разговарам, се со конечна цел да изнајдеме сите усогласени ставови, да застанеме зад пописот, зошто е важно да ја имаме успешно спроведено оваа статистичка важна операција за државата и народот, рече Заев.

Демократската унија за интеграција оцени дека пролонгирање на пописот е правилна и правична одлука, која го помага процесот и обезбедува дополнителни можности за регистрација на целата наша дијаспора.

Според ДУИ, противењето на Алијанса за Албанците и Алтернатива за одложување на пописот зборува за нивната недоследност и неискреност кон граѓаните.

– Преку неколку амандмани предложени од пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива, се бараше процесот на попис да се пролонгира за одреден период, поврзувајќи го истото со здравствената криза предизвикана од КОВИД-19. Истите, откако вчера беше најавено пролонгирање на процесот на Попис на населението, се спротивставуваат и најавуваат блокирање на целиот процес, реагираше ДУИ преку партиско соопштение.

Поддршка на одложувањето на пописот даде и Левица, чиј лидер Димитар Апасиев оцени дека е добро што е договорено тој да биде одложен, но нагласи дека тоа одлагање засега е само де факто, но не и де јуре.

– Има две варијанти или Собранието да го одложи каде што не би можело да има блокада, бидејќи е со европско знаме. Или во случај да не може тоа да се постигне, мислам дека ќе се оди преку Уставниот суд, односно поништување на Законот или негово укинување со времена мерка мораториум, ставање вон сила. Левица има поднесено таква иницијатива, истакна Апасиев, додавајќи дека тоа се двете можни варијанти, имајќи предвид дека станува збор за Закон, кој Владата не може сама да го измени.

Во врска со попишувањето став изнесе и американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер, кој оцени дека е важно државата да организира попис согласно стандардите на Евростат и ја повика ја опозицијата да не бојкотира и да ја извршува работата за која ја избрале граѓаните.

– Важно е опозицијата да се појави во Парламентот, да ја извршува нејзината работа, да ги претставува интересите на нејзините гласачи, луѓето кои ја избрале да ги застапува нивните интереси. Бојкоти, блокади, неизвршување на нивната работа, ништо од ова не води до прогрес, порача Палмер во изјава за Гласот на Америка. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Обид на премиерот Заев за деблокада на Собранието

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk