ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Лажна вест и креирана монтажа е дека има наводни партиски списоци за вакцинација, извештајот на Стејт Департментот предизвика силен гнев кај Каракачанов, европарламентарците ја осудија антимакедонската кампања на Ангел Џамбаски

April 1, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На социјалните мрежи се шири лажна вест, монтажа и манипулација за некакви наводни партиски списоци со кои се повикуваат членови на СДСМ да се пријават за на приоритетна листа за вакцинирање.  Лажната вест е експресно демантирана од СДСМ.

Делот од годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент во кој се зборува за етнички Македонци во Бугарија, предизвика силен излив на гнев кај Красимир Каракачанов. Нека пишуваат што сакаат, каде никаквеците од Стејт Депарментот видоа македонско малцинство во Бугарија?, се лутите зборови на Каракачанов.

Европарламентарците изразуваат длабока загриженост во врска со неодамнешното видео на европратеникот Џамбаски, во кое се изнесуваат територијални претензии кон Северна Македонија од страна на партија на Бугарската влада и се покажува отворено непочитување на европските вредности, само заради политичка кампања. Ова е спротивно на основните принципи на ЕУ и Договорот за добрососедски односи помеѓу двете земји, велат тие.

И покрај моите целодневни настојувања за усогласување на ставовите на сите политички чинители во насока на постигнување на договор и одржување на двете седници на кои би се изгласале Предлог Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, 2021 година и Предлог Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, не се постигна договор, вели Џафери.

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177.875 лица  од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика. Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58.067, Германија – 40.400 и Италија – 25.618.

Смртноста од вакцината ’Фајзер’ е поголема од смртноста од вакцината ’Астразенека’. Од ’Фајзер’ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од ’Астразенека’ еден случај на 100.000“, вели микробиологот Пановски.

Вакцинацијата на постарите граѓани со АстраЗенека се одвива добро, истакна Венко Филипче, но во однос на ставовите на Германија и Канада конкретно за таа вакцина за Ковид-19, посочи дека одлучиле да бидат внимателни, да се оди полека и да се чека дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна.

Македонската фудбалска репрезентација ја забележа една од најспектакуларните победи во својата историја, триумфирајќи над Германија во Дуисбург со 2:1 (1:0) во рамки на мундијалски квалификации.

М. Миткоска

 

Next Post

Собраниската седница за одложување на пописот и за измените на Изборниот законик закажана за 13 часот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk