Од Царинската управа известуваат дека над 1000 книги кои беа задржани на граничниот премин Деве Баир, каде како примач се јавува Културно информационен центар на Република Бугарија во Скопје, се пуштени до примачот.
„Во врска со пратката од над 1000 книги (920 нови и 250 стари) кои беа задржани на граничниот премин Деве Баир, каде како примач се јавува Културно информационен центар на Република Бугарија во Скопје, информираме дека по доставувањето на соодветната документација согласно важечките царински прописи, завршени се царинските процедури и книгите се пуштени до примачот.“, соопштуваат од Царинската управа
			




