ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Француски медиуми: „Македонија ја изеде Германија“, „Пандев ја здроби Германија“

April 1, 2021 18:19
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Реакциите на француските медиуми по вчерашната историска победата на македонската фудбалска селекција над Германија, се полни со ловорики за нашите фудбалери и иронични коментари за германските, јави дописникот на МИА.

„Северна Македонија направи подвиг во Германија“, е насловот во интернет издението на телевизијата „Л’Екип“, чии коментатори за време на директниот пренос не ја криеја радоста по вториот победоносен гол на Елмас. Додека сите македонски играчи и штабот на репрезентацијата го слават победоносниот гол, тие само прокоменираа низ смеа: „Не ги почитуваат здравствените мерки за Ковид за дистанца, ама затоа Германците многу ги почитуваат и ја разредија одбраната“.

Коментаторите во повеќе наврати македонските играчи ги нарекуваа „Црвени лавови“, давајќи потсетување за француските гледачи за промената на името на земјата во Северна Македонија и нагласувајќи дека не постои држава „Јужна Македонија“.

Во друг текст на интернет изданието на „Л’Екип“ под наслов: „Каков срам! Германскиот печат ја критикува Маншафт по поразот на домашен терен од Македонија“, се пренесуваат насловите на германскиот печат:  „Каков срам“ – „Билд“, „Лошо изненадување“ – „Кикер“, „Германија се посрамоти“ – „Велт“ и „Болно будење за Маншафт“ – „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Француското издание „20 Минути“ објави текст под наслов „Тоа не требаше да се случи – срам за Германија, победена од Северна Македонија“, потестувајќи дека досега германската репрезентација немаше изгубено бодови во квалификации за Светско првенство од 2012 година.

„Со ФУТ“ под насловите: „Македонија ја изеде Германија“ и „Пандев ја здроби Германија“, наведува дека македонската ѕвезда и на 37 години ја искористи арената во Дуизбург за уште повеќе да ја изгради својата легенда.

– Горан Пандев нема повеќе време за губење и затоа докажа дека има уште во ѓонот во текот на 90-те минути, иако е по возраста е поблиску до неговиот тренер Игор Ангеловски (44 години), отколку до Влатко Стојановски ( 23 години), напаѓачот на Шамбли кој го замени по прекинот. Капитен, играч со најмногу настапи за селекцијата (114 натпревари) и најдобар стрелец (36 ) во историјата на македонскиот тим. Старецот е легенда, вистинска. Во ноември 2020 година, тој ја квалификуваше Северна Македонија во првата завршна фаза на едно меѓународно фудбалско првенство во својата историја, постигнувајќи го единствениот гол во финалето од плеј-офот за пласман на ЕУРО 2020 против Грузија (0-1), се наведува во опширниот текст на „Со ФУТ“.

Француското популарно радио РТЛ коментира дека Германија е посрамотена од Северна Македонија.

Регионалниот весник „Прогрес“ пак оценува дека „Германија се урна дома против Северна Македонија“. – Северна Македонија направи подвиг да ја победи Германија, која имаше забележано 17 последователни победи во квалификациите, наведува „Прогрес“, додавјќи дека „тоа е сензација на вечерта“. /МИА/

Next Post

Мајкрософт склучи договор со американската армија во вредност од 21,9 милијарди долари

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk