ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МЗ: Поддршка за отворање нови центри за рана интервенција кај децата со аутистичен спектар на нарушувања

April 2, 2021 14:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Меѓународен ден на аутизам, Министерството за здравство информира дека дава целосна поддршка за реформирање и отворање на нови здравствени центри за рана интервенција кај децата со аутистичен спектар на нарушувања.

Од Министерството информираат дека дале поддршка и овозможиле користење на дел од неискористениот простор на ЈЗУ во Здравствениот дом Скопје, во Општата болница во Охрид, во Специјалната болница Св.Еразмо и во Клиничката болница во Тетово за отворање на центри за давање на широк спектар на услуги кои можат да им помогнат на децата на кои имаат задоцнување во развојот или специфични здравствени состојби.

Сето ова е во рамки на отворената соработка со граѓанскиот сектор, а на барање на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ од Скопје.

Во овие центари е овозможено давање потребна поддршка на децата од различни видови професионалци на околу 200 деца (без центарот во Тетово кој сеуште не ги примил своите корисници) во кои ќе им се помогне да го достигнат максималното можно развојно ниво со што им се зголемуваат шансите за успех во подоцнежните години.

Од Министерството соопштија дека покрај вообичаената форма, првпат центарот во Тетово ќе се карактеризира со дополнителна форма на Мултиетнички центар за третман на деца со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром.

Отворањето на овие центри е во рамките на промоцијата на развојната соработка во областа на социјалната структура на децата и младите со попреченост по иницијатива и соработка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопј,е која преку граѓанскиот сектор најде начин како да го финансира реновирањето и опремувањето на дел од наведните центри како и финансирањето на годишните третмани за деца од ранливи категории со аутисични нарушувања од социјално ранливи семејства.

Главната цел на овие центри, како што се наведува во соопштението на МЗ, е да се занимаваат со обезбедување на превентивни прегледи на новороденчиња и доенчиња, превентивни дијагностички процедури за рано откривање, и нивно навремено и соодветно лекување.

-Во работењето во овие центри треба да се промовира трансдисциплинарниот пристап во работењето со деца со попреченост и нивните семејства, од причина што во нашата земја до сега не бил дел од праксата во доменот на раната интервенција како пристап е базиран на тимска работа помеѓу стручни лица од различни профили, како услугата на рана интервенција и поддршката на семејството од примарен давател на услугата, односно од едно стручно лице кое може најдобро да ги пресретне потребите на детето и неговото семејство, соопштија од МЗ.

Оттаму посочуваат дека ваквите центри треба да создадат услови за рана интервенција и рехабилитација на последиците со што ќе се создадат поволни услови за елиминирање или надминување на последиците по здравјето на децата во подоцнежната возраст.

-Веруваме дека на овој начин, даваме придонес конкретно да му овозможиме на секое дете да се развие правилно, да има рана интервенција при рано дијагностицирани нарушувања во развојот, да ги спречува или ублажи пречките и да им се обезбеди психо-социјална поддршка на неговите родители, како легитимно право на секое хумано општество, се вели во соопштението.

Аутизмот или аутистичниот спектар на нарушувања (autism spectrum disorderѕ, ASD), претставуваат широк спектар на состојби кои се карактеризираат со предизвици во социјалните интеракции, говорот и невербалната комуникација, како и повторувачки однесувања. Иако аутизмот, како термин е дефиниран пред повеќе од 50 години, веројатно оваа состојба била дел од човечката состојба низ историјата.

извор: МИА

Next Post

Филипче: Ќе ја чекаме потврдата од ЕМА за „Астра Зенека“, продолжува вакцинацијата на постарите групи граѓани

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk