ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Мумифицирани останки од 22 египетски кралеви и кралици се преместуваат во ново почивалиште

April 4, 2021 09:47
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Мумифицираните останки од 22 древни египетски кралеви и кралици денеска се преместуваат со прекрасна поворка низ улиците на Каиро кон нивното ново почивалиште – Националниот музеј на египетската цивилизација.

Историската процесија на кралските мумии во 18 часот по локално време тргна од плоштадот Тахрир, во Каиро, а голем број Египќани се сведоци на спектаклот што чини милиони долари. Целиот настан го пренесува државната телевизија.

Во првото возило се наоѓа Секренере Тао II, наречен Храбриот, кој со Египет владеел околу 1600 година п.н.е., додека на крајот е Рамзес IX., кој владеел во 12 век п.н.е. Рамзес II и кралицата Хатшепсут, исто така, се наоѓаат во конвојот.

Конвојот од црни возила со позлатени орнаменти, што потсетуваат на античките погребни поворки, е под строги безбедносни мерки.

Остатоците од 18 кралеви и четири кралици, наредени според возраста, се носат на одделни платформи украсени во древен египетски стил во поворката наречена „Златна парада на фараоните“.

Остатоците се префрлаат од Египетскиот музеј, во центарот на Каиро, каде што престојуваа со децении, во Националниот музеј на египетска цивилизација, отворен во 2017 година на југот на градот.

-Тие ќе бидат сместени таму во малку помодерни излози, изјави Салима Икрам, професор по египетологија на Американскиот универзитет во Каиро.

„Контролата на температурата и влажноста ќе биде подобри отколку во стариот музеј“, додаде Икрам, експерт за мумификација.

Мумиите ќе бидат сместени во Кралската мумиска сала и ќе можат да се гледаат од 18 април. Салата е дизајнирана така што посетителите ќе имаат чувство дека се наоѓаат во Долината на кралевите во Луксор.

Во нивниот нов дом, тие ќе бидат изложени одделно, секоја до саркофаг, а во некои случаи и со статуа.

Откриени недалеку од Луксор, на почетокот на 1881 година, повеќето од 22 мумии уште од почетокот на 20 век биле изложени во египетскиот музеј на плоштадот Тахрир.

-Националниот музеј на египетска цивилизација беше завршен во 2010 година и јас планирав да го отворам во 2012 година, изјави египетологот Захи Хавас. Но, идејата падна во вода заради револуцијата во 2011 година и нестабилноста што следеше по неа.

Во месеците што следат, Египет треба да отвори друг музеј, Големиот египетски музеј, недалеку од Пирамидите во Гиза.  Во него ќе бидат сместени и колекции на фараони, вклучително и мумифицирани остатоци од Тутанкамон.  /МИА/

Next Post

Би-Би-Си: Јорданскиот принц Хамза тврди дека е ставен во домашен притвор

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk