ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На инфективните оддели се лекуваат 1720 пациенти со Ковид-19

April 5, 2021 12:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1720 пациенти со Ковид-19. Има околу 230 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 699 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во болниците во другите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 1021 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум примени пациенти и двајца биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не бил примен  нов болен, а шест пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има пет позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 35 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 86 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-9. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 109 пациенти, во Прилеп 136 во ковид – центарот во Гостивар 45, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31 во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица позитивно и суспектно на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Македонските граѓани при пандемијата купуваат повеќе од домашни е-трговци – раст од 135 отсто

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk