ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Рангелова: Во борбата за родова еднаквост треба да го надминеме партискиот клиентелизам

September 26, 2019 16:04
in ФЕМИНА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности во Собранието на Република Северна Македонија на панел дискусијата “Улогата на мажите во родова еднаквост” во организација на Националниот демократски институт, истакна дека најпрвин проблемот со родовата еднаковст треба да се адресира кај самите жени, пред да се постави прашањето зошто мажите не ги поддржуваат.

„Ако велиме дека има сексистички напад кај некоја жена, иницијативата за тие говори на омраза претежно доаѓа од женски говори. Најчести пречки, на пример, на некои жени во развој на нивните кариери, биле токму жените. Борбата против родова нееднаквост најпрвин лежи во клиентелизмот во политичките партии“, изјави Рангелова сметајќи дека придонес кон тоа ќе даде и нов изборен модел каде ќе нема квоти, со поддршка на модлот една изборна единица.

„Иницијативата за собирање потписи за застапеност од 50% на жените на листите, кога ја почнав со понуда на жените да се потпишат, првото прашање што ми се постави беше дали е договорено со партијата. Првиот пат кога ќе се осмелите еден збор да кажете против партијата, тие ќе ве линчуваат и ќе бидете осудени и од партијата и од општеството… Добив порака од лидерот на партијата: кој ти дозволи да го правиш ова. Бидејќи јас имам поголемо искуство во политиката, од сегашниот лидер, му реков, искуството што го имам со жените во изминатиот период, има ли проблем, ми вели има ако не е договорено. Кога, пак, им се обратив на пратеничките и оние од СДСМ, морам да кажам, за жал, ми рекоа ние мора прво да прашаме во партија“, изрази жалење Рангелова за постоечкиот партиски и политички клиентелизам.

Според Рангелова, Инцијативата ја подржале најхрабрите, ослободени од политички притисок во нивните партии, претставниците на помалите политички партии, независните пратеници и прво се потпишале повеќе мажи отколку жени.

„За жал, имаше мажи што не се потпишаа. На пример, Антонио Милошовски кој што ми кажа која си па ти да кажуваш што треба, аман веќе, ги повампиривте жените во цела партија. И слични на него. Потоа од нив очекуваме да се борат за нас во партијата и да имаме еднакви можности понатаму“, изјави Рангелова.

За крај, нејзиниот заклучок беше дека  борбата за родовата еднаквост е заедничка со меѓусебна поддршка бидејќи не се работи за борба на мажи и жени, туку на општеството.

Панел дискусијата ја организираше Националниот демократски институт во рамки на Неделата на женски права и родова еднаквост. Говорници, освен Даниела Ранглеова, беа Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација; Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Собрание на РСМ, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби.

Биљана Јордановска

Next Post
на фотосот, во преден план: Митовски и Талеска, а меѓу нив, плукачот Марко.

Плукачот Марко, кој го плукаше новинарот Борјан Јовановски, денеска ги „бранеше“ новинарските слободи на Инфомакс и другите курири

Discussion about this post

Shortcut

Најново

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk