По повод денешниот протест на (контра) здружението МАН кое беше формирано во времето на режимот на Груевски со цел да се релативизираат барањата за слобода на медиумите, односно да се одбранат политиките на режимот, на социјалните мрежи искоментира и Петрит Сарачини:
Младото момче, плукачот на ВМРО ДПМНЕ, кој денес излезе на протестот на МАН во одбрана на Митовски од Инфомакс, дали одговараше за плукањето на новинарот Борјан Јовановски?
20 камери го снимија денес плукачот, кој пред пар години изврши неколку кривични дела со плукањето на еден новинар во кафеана. Да не заборавиме и кој ги објавуваше снимките од плукањето на Јовановски, ексклузивно, речиси веднаш од кога беа снимени.
Сериозно, никој не се возбудува, новинари, здруженија, организации, полиција, обвинителство?
https://www.facebook.com/a1onmk/videos/2400168950258143/
Во прилог, линк до текстот објавен на Нова ТВ, за плукањето и за срдечниот поздрав на плукачот и азилантот Груевски.