ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Плукачот

Случајност ли е, од буквално двајца кои стојат позади Ивона и Александар, едниот да е плукачот на Боко? Кој кого овде поддржува? Која е пораката што МАН ни ја испраќа со присуството на плукачот, веднаш позади нив?

September 26, 2019 18:39
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

„На новинарскиот збор, одговорете со збор…“, им беше мотото на денешниот протест. Прво сакав да прашам – На кој новинарски збор? Овде медиум има, еве да речеме дека има и збор, но новинар не постои?! Но, ајде да не се тепаме со дебатата „кој е новинар“, зашто има овде нешто многу посуптилно на што мора да се обрне внимание.

Гледав снимка од протестот. Гледав кој денес е присустен на протестот на кој повика Новинарското здружение МАН, за отфрлање на обвинението кон извесен Александар Митовски од порталот Инфомакс. Гледав и за соопштението на ЗНМ во кое се бара да се отфрли обвинението што е поднесено против истиот човек. Денес исто и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги со слична реакција.

Но, еве и што уште новинарот Борјан Јовановски забележал на денешниот протест:

Борјан Јовановски: – „Дали некој знае кој е “новинарот”? Мене ми личи на “патриотот” кој дојде да ме плука во ресторанот “Воденица” во одбрана на “националните интереси”

Случајност ли е, од буквално двајца, кои стојат позади Ивона и Александар, едниот да е плукачот на Боко?

Кој кого овде поддржува? Која е пораката што МАН ни ја испраќа со присуството на плукачот, веднаш позади нив?

Пораката е јасна. На толку очигледен начин, тие ни кажуваат да внимаваме што правиме и да не забораваме што следи ако не сме со нив и позади нив.  Но, „се плашам“ дека не е стравот тој, што некои за 180 степени отпревртени „новинарски шии“, си зедоа за право да повикуваат други колеги да присуствуваат на протестот.

Се чудам, не можам да поверувам:

– Со кое лице, тие новинарски ликови со поминат рок на траење, кои плукаат безмалку на сè за што наводно се бореле, а сега затскривајќи се позади наводна принципиелност и колегијалност, го повикуваа Кежаровски да излезе, присуствува и даде поддршка на режираниот режимско-медиумски протест?

Не знам дали Кежо присуствувал, тоа е негово право, но, нели е крајно бедно и лицемерно да се поистоветува и релативизира прогонот на Кежаровски, со овој очигледен криминален случај што има за цел – не да пласира информација од јавен интерес, туку да компромитира документ, а со тоа и цела истрага, која е од исклучителен и важен интерес за јавноста.

Од друга страна, кога пак, толку „искрено“ си зел задача да повикува колеги новинари, можеше да го повика и Борјан, па да се искористи приликата и да им организира едно селфи на Борјан со плукачот, се разбира во духот на простувањето.

Зошто тој новинарски лик, кој сега со сите сили се умилкува кај режимските медиуми и упорно се прави недоветен, а всушност користи секаква прилика да се активира онаа позната режимска партиско-медиумска спрега што на секој начин сега сака да се прикаже како жртва, навистина не ми е познато, но внимавајте, тоа го прави извонредно транспарентно.

принтскрин од видео снимката на А1он.мк

Она што најповеќе иритира е што оваа „вртимушка“, се обидува да се расфрла и кити со „саможртвите“ што ги дал за вистината и правдата, прогонуван од минатиот режим, па ти се чини тој сам го турнал режимот, а ние сите други: активисти, новинари, политичари, шарени, црвени, секакви… сме биле само неми и резервни следачи на неговото слободарско его.

Инаку, сакав да обрнам внимание на тоа зошто ЗНМ се „испотепа“ да излезе со реакција за човек кој ни името свое не е доблесен да го потпише позади пишан текст. На неговиот портал нема ни Импресум, а не е јасно ни со кој минат труд и потпишани текстови дотичниот покажал дека е новинар. Еве Гуглам и не успевам да најдам ништо, навистина, ама баш ич не ми е јасно зошто ЗНМ се истрча?

Но, очигледно тоа ќе е мачна дебата, со уште помачни судири на аргументи.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk