ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Најверојатно ќе се прошири истрагата за фалсификувањето пасоши за да се видат сите аспекти

April 7, 2021 12:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме, истрага која ја водиме повеќе од година, во која се вклучиле нашите стратешки партнери, Интерпол, со кои заеднички работевме на сите тие докажувања во таа постапка и во еден момент во јавност се излегува преку брифирање за одредени теми, јас не можам друго да заклуичам освен дека можеби се работи за саботажа, вели Спасовски гостување на Утрински брифинг.

Прашан дали е нормално две години да трае  ваква операција, наведе дека во 2019 година првпат по согледувањата поставиле барање до Јавното  обвинителство за гонење организиран криминал,  по што откако оттаму им укажале дека не е во нивна надлежност, предметот е однесен во Основното јавно обвинителство Скопје и почнале сите дејствија за обезбедување на потребните докази.

-Има многу мерки кои се спроведени во рамки на истрагата за кои наредби се издадени од страна на обвинител. Која било кривична постапка ја води обвинителот според Законот за кривична постапка и оттаму се добиваат сите мерки.  Ние можеме претходно да добиеме оперативни податоци,  сознанија, итн, но доколку тие се прибават на начин што е пропишан во закон не може да се користат како докази, појасни Спасовски.

Без оглед на тоа за каква операција се работи, укажа, не секогаш е важно „во првиот момент кога ќе осознаете да прекинете, туку е важно да дојдете до што е можно поголем круг на луѓе кои го правеле тоа, односно да го видиме патот по кој се движи“.

-Заради тоа е и вклучувањето на нашите стратешки партнери и на Интерпол, да видиме каде тие се движат, зошто ги користат овие патни исправи. Тоа е опсежна меѓународна акција, додава министерот.

Внатре во институцијата, дополни, кругот е затворен. Сега ќе одат најверојатно со проширување на истрагата со цел да се согледаат сите други аспекти што се поврзани со овој случај.

-Идејата беше заедно  со обвинителот да се реализира акцијата заеднички во другите земји, меѓутоа заради овој обид би рекол на саботажа ние го пресековме тој канал и за среќа е завршена успешно акцијата, додаде министерот за внатрешни работи.

Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе  поднесе кривична пријава против десет лица вработени во МВР кои ја злоупотребувале својата службена положба и овластувања, со тоа што издавале македонски патни исправи за лица странски државјани, употребувајќи туѓ идентитет на државјани на Република Северна Македонија, кои до моментот на издавањето не поседувале биометрски лични документи. Од овие лица девет се приведени и во текот на денов ќе бидат предадени на надлежното обвинителство и надлежниот суд, а по лицето кое вчера не беше пронајдено во својот дом ќе се трага.

извор: МИА

Next Post

Шилегов: Од Градот нема согласност каква било тешка индустрија да се развие во рамки на Железара

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk