ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Дополнително ќе се скрати времето на чекање на Брза помош

Во овој момент тие прават планови и распоред како ќе бидат физички распределени и во тие пунктови кои сега не функционираат, а ние во овој период од 60-тина дена кој следи ги очекуваме дополнителните седум возила

December 4, 2019 16:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај тоа што пунктовите на Итната медицинска помош (ИМП) не функционираа поради недостиг на кадар, времето на чекање во Скопје не е подолго од 15 минути за интервенција на екипа од брзата помош, но тоа време дополнително ќе се скрати сега откако веќе се примени патронажните сестри и доктори во рамките на Здравствениот дом, не само во Скопје, туку насекаде во државата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, пренесе МИА.

– Во овој момент тие прават планови и распоред како ќе бидат физички распределени и во тие пунктови кои сега не функционираат, а ние во овој период од 60-тина дена кој следи ги очекуваме дополнителните седум возила. Значи освен со кадар и со возила ќе се зајакне капацитетот на ИМП. Верувам дека во следните месеци сликата ќе биде драстично различна, истакна Филипче.

Тој посочи дека Службата за Итна медицинска помош сосема коректно функционира и во сегашни услови со новите возила кои веќе ги имаат од претходната набавка.
– Пред се тука мислам на Здравствениот дом Скопје заради тоа што нивниот капацитет двојно се зголеми – освен шесте возила со кои располагаа, сега имаат и дополнителни шест возила, имаат доволен број вработени во редовна постапка, но и патронажни сервиси, рече Филипче.

Појасни дека се уште не се пренаменети возилата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за транспорт на пациенти.

– Tие служат само за транспорт на пациенти, а не за пружање итна медицинска помош. Тие се опремени само со количка и неопходни апарати за да се транспортира пациентот од една јавна здравствена установа во друга. Тие се распределени по јавните здравствени установи ширум државата согласно нивните барања и сега секој прави пренамена така како што тие самите побарале, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето Договор за грант од 23.165 евра за набавка на апарат за дијагностички ултразвук на тироида и вратна регија за Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина. Договорот го потпишаа амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и деканот на Медицинскиот факултет, Соња Топузовска.

Next Post

Половина од работниците во светот се плашат од автоматизација

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk