ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Со новата Концепција за основно образование правиме сериозен исчекор кон постигнување на родова рамноправност

April 8, 2021 14:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Родовата рамноправност е значајна тема и основа за поставување на повисоки стандарди на живеење. Направен е значаен напредок во однос на родовата рамноправност, но пред нас имаме уште многу предизвици. Основното образование и образованието воопшто е место каде децата треба да стекнат базични знаења за рамноправноста воопшто и каде се создава самата родова рамноправност, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн дебатата „Предизвици за родовата рамноправност при донесувањето одлуки“ којашто беше завршен настан на кампањата „Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки“ финансирана од Европската Унија.

Токму затоа, како што нагласи министерката Царовска, трите основни столба во Концепцијата за основно образование се родова рамноправност, инклузија и културна интеграција.

„Кога зборуваме за интеркултура, на сите им е јасно дека станува збор за уставно загарантирано прашање, а инклузија и родова рамноправност, се вели дека се работи за коишто се борат граѓанските организации. Но, може ли една европска земја да има ваков став? Не смее. Земја која се залага за европски стандарди мора да зборува за инклузивно општество и родово рамноправно општество. Токму затоа носиме такви закони во Собранието. Ако носите законски решенија и ратификувате конвенции, а истите тие не се прелеат во сите документи, посебно во основно и средно образование, тогаш создавате граѓани коишто никогаш нема да бидат спремни да ги почитуваат вредностите коишто се уставно загарантирани и вредности кон коишто се стреми нашата земја“, посочи министерката Царовска.

Со новата Концепција за основно образование како држава правиме исчекор за во иднина да имаме помалку предизвици и кога зборуваме но и кога дејствуваме во насока на остварување на родово рамноправно општество.

„Концепцијата за основно образование поставува темели идните генерации да не се соочуваат со превоспитување и јакнење на јавната свест на 20, 25, 30 години кога се соочуваат поинтензивно со родовата нерамноправност, туку вредносниот систем да биде поставен од најрана возраст. Родовата рамноправност не е борба на мажите и жените, напротив, значи живеење и владеење со принцип на еднаквост и само таква држава може да биде силна држава во којашто се искористува целосниот потенцијал којшто таа го има“, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.

Next Post

НБ-МБА: Банкарскиот сектор е јавно добро од интерес на целото општество и тука нема место за шпекулации

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk