ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ-МБА: Банкарскиот сектор е јавно добро од интерес на целото општество и тука нема место за шпекулации

April 8, 2021 14:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Банкарскиот сектор во годините досега и денес го претставува најздравиот дел на македонската економија и со тоа претставува јавно добро од интерес за целото општество. Тој ја игра водечката улога во одржување на вкупната макроекономска стабилност во земјата и затоа е потребно високо ниво на внимателност кога се работи за информации кои се однесуваат на банките и штедилниците, сметаат Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА), според кои, тука нема место за шпекулации и тенденциозни дезинформации. 

Како што соопштуваат од Народната банка и Македонката банкарска асоцијација денеска е одржан работен состанок на претставници на банките и штедилниците и на Народната банка во врска со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, а на штета на целата економија и општеството во целина. 

– Банкарскиот сектор за секоја економија, а и за општеството во целина преставува најрегулираниот дел од економското живеење. Поради ваквата поставеност и значење на банкарскиот сектор во нашата економија, во трите децении независност, овој сектор ја игра водечката улога во одржувањето на вкупната макроекономска стабилност во земјата, стекнувајќи притоа доверба од нашите граѓани и компании. Како и во годините досега, така и денес, банкарскиот сектор го преставува најздравиот дел на македонската економија и со тоа претставува јавно добро од интерес за целото наше општество,наведуваат во соопштението во кое потенцираат дека времето во кое живееме со новите технологии и интернетот даваат многу можности, но за жал во голема мера се користат и за ширење лаги и дезинформации коишто ги вознемируваат граѓаните и имаат потенцијал да нанесат економски штети, се додава во соопштението. 

Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА) укажуваат на потребата од високо ниво на внимателност кога се работи за информации коишто се однесуваат на банките и штедилниците. – Тука нема место за шпекулации и тенденциозни дезинформации и затоа ги повикуваат медиумите секогаш, пред да објават каква било информација поврзана со банките, штедилниците и банкарскиот сектор, да ја проверат од релевантни извори, за да можат да им ја пренесат вистинската слика на граѓаните и на економските субјекти, потенцираат двете институции.

Тие апелираат и до граѓаните и економските субјекти мошне внимателно да ги проверуваат информациите коишто излегуваат во јавноста поврзани со банките и штедилниците, бидејќи не е во прилог на јавниот интерес создавање какви било избрзани реакции коишто покрај тоа што го одземаат времето, создаваат и дополнителни трошоци.

– Злонамерни појави на ширење шпекулации и неточни информации имало и ќе има, а вообичаено се пласирани од личности кои покрај тоа што не водат сметка за својата одговорност, пред сѐ поради кратковидоста на своите лични интереси, не ги земаат предвид далекусежните влијанија на тие невистини врз јавноста и врз општеството во целина, наведуваат во соопштението и апелираат граѓаните и компаниите коишто имаат какви било прашања отворено да ѝ ги поставуваат на својата банка, на МБА или на Народната банка.

Тие посочуваат дека банките се транспаренти економски субјекти и се обврзани и редовно објавуваат повеќе податоци за своето работење, коишто може и треба да се следат од сите заинтересирани граѓани и компании.

Оценуваат дека само на тој начин може да се заштитиме од пласираните невистини и да донесеме основана одлука за банката со која соработуваме.

извор: МИА

Next Post
ФОТО: МИА

Нема однапред утврдена агенда за даночната реформа, ќе се разговара за најсоодветниот модел, порача Бесими

Најново

Концерт на Дуња Иванова – пијано, на 29 април пред Општина Центар

April 28, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk