ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шаќири: Најголемиот број вработени преку програмата К5 започнаа со работа

April 8, 2021 14:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемиот број вработени преку програмата К5 започнаа со работа низ институциите каде се распределени, информира денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Официјално, како што потенцира тој, до МИОА не пристигнал ниту еден допис од ниту една институција која одбила или која не го доставила годишниот план или систематизацијата за да ги трансферира вработените врз основа на програмата К5.

– Според комуникацијата што ја имаме и со Министерството за политички систем, кое е носител на овој проект и последните дискусии се дека овој процес продолжува и се ближи кон крајот. Официјално до МИОА нема поднесено ниту еден допис за неприфаќање на администраторите од програмата К5, но има институции кои секој ден ги завршуваат нивните обработки за годишните планови. Ние сме отворени за овој план, рече Шаќири.

Министерот појасни дека вработените административци се веќе распределени во институциите основани од Владата, Парламентот и од локалната власт. Тој додаде дека од претставници од институциите биле информирани дека има и такви за кои по вработувањето врз основа на програмата К5, се предвидува нивно унапредување од вработен во администрација, во вработен во инспекторат или друга институција.

За Законот за високо раководна служба, Шаќири рече дека МИОА уште во 2018 го започна концептот за високо раководна служба со кој ќе се воспостави воедначена процедура за назначување на раководната позиција, професионализација на раководните позиции, издвоени од политичкото управување со политичка одговорност.

– Системот на високо раководна служба кој како новина се предлага со овој закон треба да обезбеди постигнување на две клучни цели – професионални високи раководители избрани преку отворена постапка врз основа на нивните професионални компетенции и воспоставување односи на доверба со политички избраните и именувани лица, додаде Шаќири.

извор: МИА

Next Post

За две недели во Шуто Оризари ќе има матичен лекар и матичен гинеколог

Shortcut

Најново

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk