ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието ја заврши расправата за измени и дополнувања на неколку закони, за гласање немаше кворум

April 8, 2021 19:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Собранието ја заврши расправата по неколку предлог-законски измени и дополнувања во рамки на 32-та седница, и тоа за законот за јавните набавки, по скратена постапка, за законот за чек, за давање на финансиски услуги на далечина, во прво читање, потоа Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, како и измените и дополнувањата на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, во прво читање. Поради немање кворум во собраниската сала, гласањето по овие точки ќе биде дополнително закажано.

Во текот на попладневниот дел од седницата, предлагачите го повлекоа Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Дополнувањето на Законот за јавни набавки, според предлагачот, се прават со цел да се овозможи пофлексибилен начин на исплата на аванс за јавните набавки кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемии и епидемии на заразни болести, согласно со воспоставената практика на производителите на потребни средства на глобално ниво.

Пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова рече дека предлогот за дополнување на Законот за јавни набавки се носи задоцнето. Таа забележа дека кај нас доцни вакцинацијата, која во соседните држави одамна е почната.

– Зошто измената да ја носиме постфестум кога повеќе не ни е потребна? Зошто се ваквите измени, кога минатиот период видовме дека една ваква измена не е воопшто потребна. Затоа што, Владата преговарала и договарала, плаќала одредени провизии, без тоа да биде согласно Законот за јавни набавки, рече Панова, додавајќи дека изминатиот период во италијанскиот весник „Ла верита“ излезе афера за набавка на кинески вакцини и праша, според кој закон Владата се обидела тие вакцини да ги набави.

Таа рече дека поради таквите афери не може да и верува на оваа Влада и оти не се потребни измените на законот, оти власта добро фукционира и работи надвор од законот.

Пратеникот Панчо Минов реплицирајќи и на Панова рече дека со измените на законот се овозможува авансот да изнесува повеќе од 20 проценти, без банковна гаранција. Тој рече дека дополнувањата на законот не се само за набавка на вакцини туку и за други средства, кои се неопходни за решавањето на проблемите произлезени од пандемијата со Ковид-19.

Опозициските пратеници упатија критики зошто Владата сè уште не набавила вакцини против Ковид-19, зошто не и успеваат договорите со производителите, зошто другите држави успеале да набават вакцини, а имунизацијата кај нас се врши со донации.

Пратениците од мнозинството реплицираа дека власта направила се за да ги набави вакцините, а донациите од Србија се солидарност која е потребна во вакви ситуации.

Собранието продолжи и со 8-та точка од 32-та седница, Предлог на закон за изменување на Законот за чек, во прво читање, потоа измените на Законот за давање на финансиски услуги на далечина, во прво читање. Се дебатираше и за Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, како и измените и дополнувањата на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, во прво читање.Пратениците расправаа и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, во прво читање. /МИА/

Next Post

Бајден: Насилството со оружје во САД е меѓународна срамота, преземаме чекори

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk