ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Следната недела мерките за затворените угостителски објекти, теретаните и спортските центри, а многу бргу и оние од петтиот пакет, вели Бесими за МИА

April 10, 2021 10:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Мерките што Владата ги најави за угостителите, теретаните и спортските центри, кои сега се затворени, ќе бидат објавени во текот на наредната недела, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА во кое истакнува дека набргу се очекуваат и мерките од  петтиот пакет  за кои некои закони се уште се во Собранието.

-И едниот и другиот сет мерки може да се очекуваат набргу, во прашање се денови и секогаш се прават напори мерките да стигнат што побргу до стопанството и граѓаните, иако не секогаш може да се постигне со оглед на процедурите за законските измени, вели Бесими и додава дека во однос на мерките за угостителите, теретаните и спортските центри и обложувалниците во текот на претстојната недела ќе бидат објавени мерките, односно моделот на обесштетување, кој како што најави и премиерот, тоа ќе биде процент од приходите остварени во првото тримесечје.

Според министерот набргу, овие дејности, но и другите стопанственици погодени од кризата, како и граѓаните, ќе можат да ги очекуваат и мерките од Петтиот пакет кои се во собраниска процедура. Дел од роковите се пробиени, но ќе се направат прилагодувања преку амандамни за да може истите да се ползуваат. Така на пример, вели, кај мерката финансиска поддршка за исплатата на плати, на работодавачите ќе им се даде можност истовремено да аплицираат за двете плати – и февруарската и мартовската. Рокот за мерката за финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани, исто така ќе биде поместен до крајот на месецов.

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Министерот оценува дека целта е мерките да стигнат до граѓаните и стопанството и да го дадат економскиот и социјалниот ефект поради кои истите се донесени.

-Мерките даваат резултати, како што видовме и од претходната реализација кај четирите пакети. Владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно, според калкулациите на Министерството за финансии, истиот е амортизиран за 4,2 процентни поени, односно без мерките падот ќе достигнеше дури 8,7 отсто, вели министерот за финансии во интервјуто за МИА.

Посочува дека од појавувањето на коронавирусот, Владата на Република Северна Македонија е максимално посветена на справување со негативните последици врз економијата.

-Во рамките на четирите пакети кои се предмет на анализа,  донесени се околу 70 различни мерки, со кои се опфатени и  поддржани компаниите  и граѓаните погодени од пандемијата. Износот на имплеметираните мерки, односно мерки кои им биле ставени на располагање на граѓаните и на стопанството е 860 милиони евра или 82 отсто од вкупниот план за износ на мерки. По пакети – првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1 отсто, вториот пакет мерки е 100 отсто имплементиран, третиот пакет 75,4 отсто и четвртиот пакет 72,7 отсто. Мора да се нагласи дека некои од мерките од третиот и четвртиот пакет се реализираат во текот на оваа година, така да вкупната имплементација на мерките во однос на плант може да се зголеми па дури да достигне и до  може да достигне и до 99 отсто имплементација, потенцира министерот за финансии.

Next Post
Фото: ЈКП Комуналец-Прилеп

Прилеп годишно селектира отпад колку цела Македонија заедно

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk