ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК го промовираше првиот Прирачник за млади гласачи

April 12, 2021 15:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инклузивен пристап и мотивирање на поголемо младинското учество во сите изборни циклуси е целта на првиот „Прирачник за млади гласачи“ кој го издаде Државната изборна комисија (ДИК) во соработка Мисијата на ОБСЕ, соопштуваат од ДИК.

Оттаму потенцираат дека прирачникот претставува иницијатива за воспоставување на понепосредна и поголема двонасочна комуникација помеѓу ДИК и младите луѓе, со цел на лицата кои за прв пат гласаат да им се обезбеди полесен пристап во рамки на изборните процеси, како и соодветно информирање за нивните права, можности и законски обврски.

-Главна цел на ДИК е да ги вклучи сите гласачи во изборниот процес и да ја зголеми свесноста за учеството во општествените активности, истакна потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху на онлајн настанот за промоција на „Прирачникот за млади гласачи“.

-Голем акцент ставаме на младите луѓе и ќе бидеме особено среќни доколку секој од нив се вклучи во изборните и другите процеси на одлучување во земјата. Како институција веќе правиме напори овој Прирачник да го издадеме и во други форми кои се полесно достапни за младите луѓе. Исто така, во соработка со нашите партнери од Мисијата на ОБСЕ веќе организираме различни иницијални обуки базирани на Прирачникот со кои дополнително очекуваме да го покренеме интересот и знаењата поврзани со потребата од учество на избори, особено на младите генерации, посочи Шеху.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Клеменс Која истакна дека гги здружиле  силите со ДИК со цел да помогнат во зголемувањето на учеството на младите гласачи.

-На младите би им порачал: вашиот глас е важен. На вас е да ги внесете своите идеи, вашите грижи и приоритети и вашата енергија во политиката во оваа земја. Иако постојат и други начини да се чуе вашиот глас, како на пример на социјалните мрежи, гласањето е најефективниот начин да се направат политички промени. Особено на локално ниво имате моќ да направите вистинска разлика во управувањето со вашите заедници, истакна амбасадорот Која на настанот.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски посочи дека младите точно знаат во каков свет и држава сакаат да живеат, што им е потребно, каде сакаат да работат, но и колку сакаат и сметаат дека треба да заработуваат.

-Токму затоа е важно младите да се вклучат и да учествуваат во носењето на одлуки, почнувајќи од користењето на своето право на глас во рамки на изборните процеси. Гласот на младите ќе биде јасна насока какви политики ќе се креираат во однос на нив и нивната иднина. На нашето општество му се потребни младите и тоа е клучното што треба да им го кажеме – потребни сте ни вклучени, активни и влијателни, додаде Мојсовски.

Автори на прирачникот се Бојан Кордалов – комуниколог, во својство на независен консултант, Адмир Шабани, раководител на Секторот за едукација при ДИК, како и Нина Шуловиќ – Цветковска и Јасмина Тодоровска – Митева од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

-Прирачникот е изработен во рамките на проектот „Поддршка на демократското управување и процесите на инклузија“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје кој се спроведува во соработка со Државната изборна комисија, објаснуваат од ДИК.

извор: МИА

Next Post

Села и Гаши оптимисти дека ќе се изнајде решение за законот за државјанство

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk