Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, го повикува премиерот Зоран Заев да се изјасни во врска со предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лица кои биле амнестирани да не се занимаваат со политика, како и лица кои се во политиката да не можат да бидат амнестирани.
– Зоран Заев бега од предлогот политичарите кои се аспиранти за премиер да имаат статус на кандидат мандатар, за кандидатот кој ќе ги загуби изборите да се повлече од политиката и да не се крие зад пратеничкиот имунитет. Зоран Заев гледа прибежиште за својот криминал во пратеничкиот имунитет. Тој мисли дека ќе се спаси од кривичен прогон, се вели во партиското соопштение.