ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Охрид отворен регионален Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар

Центарот ќе работи во координација со соодветниот во Скопје, со Граѓанската организација „Мојот свет“, со Клиниката за психијатрија и Центарот за ментално здравје

December 5, 2019 12:54
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Охридската Општа болница од денеска располага со современ Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар.

Станува збор за донација на Владата на Република Бугарија, која ги покри трошоците за реконструкција на делот на Детското одделение при Општата болница во Охрид, како и ја обезбеди соодветната опрема.

– Центарот ќе работи во координација со соодветниот во Скопје, со Граѓанската организација „Мојот свет“, со Клиниката за психијатрија и Центарот за ментално здравје. Благодарност до бугарската Влада и бугарскиот народ за оваа помош, што многу ќе значи за регионот оттаму што корисници на новите капацитети ќе бидат околу стотина пациенти од овој дел на земјата, истакна министерот за здравство Венко Филипче на свеченоста по повод отворањето на одделот.

Центарот располага со најсовремена соодветна опрема, што ги покрива сите потреби на децата во подобрување на нивниот психолошки развој, во однос на социјализацијата, сето под надзор на врвни експерти од областа.

Неговиот бугарски колега, министерот Кирил Ананиев, од своја страна рече дека ваквите прилики се празнични оттаму што, како што истакна, нема похумано и поблагородно дело од помагање на децата со потешкотии.

– Тоа е кауза што треба да ја следиме во животот. Горд сум што бугарската Влада која ја претставувам успеа да ги обезбеди средствата за изградбата на овој центар. Потребни се заеднички напори на сите братски држави од регионот во рамки на своите можности да придонесат за обезбедување услови за рехабилитација и третман на децата неопходни за нивен натамошен развој, рече Ананиев.

Елизабета Ѓорѓиеска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, ја поздрави соработката на Министерствата за здравство на двете држави што резултира со вакви и слични проекти, изразуваќи уверување дека овој Центар ќе придонесе за подобрување на здравствената состојба на голем број деца, но и возрасни пациенти.
Потпретседателот на Здружението „Мојот свет“, Весна Стојаноска во оваа пригода им се заблагодари на сите помагатели на нивните активности, како и за конкретната реализација на овој проект.

Новоотворениот капацитет во Охрид располага со соодветно прилагодени тоалети за вработените и корисниците, кујна, дефектолошки и логопедски кабинети, опремени со разновидни дидактички материјали кои се соодветни за потребите на децата, сензомоторна и мултисензорна соба. Со децата ќе работат обучени специјализирани едукатори и рехабилитатори, логопеди, семејни и клинички психолози. Центарот е доволно голем во овој миг да ги задоволи потребите на пациентите со тој вид специфични проблеми од сите градови во југозападниот дел на земјата.

Next Post

ИРЛ го разобличи Груевски, тој се правда на Фејсбук

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk