ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Оштетените штедачи на собир пред Уставниот суд, каде на дневен ред е иницијативата за член од Законот за банки

April 15, 2021 10:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Оштетените штедачи, физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка денеска организираа собир пред Уставниот суд, кој на денешната седница треба да расправа за иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки.

-Денеска сме повторно пред Уставниот суд, со надеж дека конечно ќе преовлада правдата и ќе победи правната држава. Денеска повторно на дневен ред пред Уставниот суд е одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, наведуваат штедачите.

Според нив, членот 163 став 3 од Законот за банки претставува генератор што продуцира нееднаквост на правните и физичките лица депоненти на банка во однос на Фондот за осигурување на депозити во случај на стечај или ликвидација на банка.

-Далбоко сме убедени дека Еуростандард банка пропадна поради криминални активности на неколку категории луѓе, истакнуваат оштетените штедачи.

Посочуваат дека во стечајната постапка нема доволно средства за надомест на нивните пари. -Во апсолутна смисла е загрозена нашата сопственост врз тие средства. Причината за ваквата состојба во стечајот е монополската позиција на Фондот за осигурување на депозити. Но, тоа денес отвора многу прашања од пошироко значење. Од една страна гледаме колку несигурна била нашата позиција во легалниот финансиски систем каде царувал криминалот, и од друга страна гледаме дека во стечајната постапка, со законската регулатива која е на наша штета, повторно ќе бидеме оштетени поради нееднаквата и дискриминирачка позиција во однос на Фондот за осигурување на депозити, сметаат штедачите.

Убедени се дека се работи за неодржлива состојба, спротивна на Уставот и гарантираната еднаквост преку забрана на монополската положба по било кој основ. Затоа, додаваат, доколку продолжи примената на законите од областа на финансискиот систем и банкарскиот сектор на ваков начин, не е далеку денот кога поради апсолутно несигурната состојба, многу граѓани – штедачи ќе ги преиспитаат своите штедни влогови во банките. Дури може да дојде и до масовно повлекување на депозити, што, како што наведуваат, искрено не го посакуваат.

Според нив, генератор на промените на ваквата состојба во финансискиот систем и банкарскиот сектор гледаат во укинување или поништување на член 163 став 3 од Законот за банки. Сметаат дека со негово укинување или поништување ќе се постигне позитивен ефект не само во стечајната постапка за Еуростандард банка, туку тоа ќе предизвика потреба од темелна реформа на законодавството од областа на банкарското работење. Со тоа, како што наведуваат, ќе се надмине сегашната состојба според која сите во однос на Фондот за осигурување на депозити се во подредена положба, додека правните лица не само што не се еднакви, дури трпат и дискриминација. Сите стравувања на монетарната власт и недовербата на граѓаните можат да се надминат со една одлука на Уставниот суд, во кого оштетените физички и правни лица гледаат последна шанса за враќање на надежта во владеење на правото. Само Уставниот суд може да го укине законскиот текст кој овозможува и креира правна несигурност што води во неизвесност илјадници семејства. На потег е Уставниот Суд!, велат од Здружение на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи“.

извор: МИА

Next Post

Фолипче: Целосно ги демантирам наводите за исплатени милион евра за респиратори од Бразил, ништо од текстот не е точно

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk