ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Едштадлер: Немам разбирање за блокадата од Бугарија и апелирам да ја тргне

April 15, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е кандидат за пример и сакам јасно да порачам за време на португалското претседателство брзо да се финализираат преговарачките рамки за првата конференција. Се што е одложување понатаму ќе не остави да бидеме губитници. Искрено велам, дека немам разбирање за тоа дека Бугарија понатаму блокира.

Ова денеска го порача австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер, на заедничката прес-конференција во Виена со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Едшадлер посочи дека Северна Македонија е кандидат за пример и оти дури го смени и името за да постигне вистински чекори кон Европа, потсетувајќи дека под германското претседателство се вложија огромни напори за да се реши бугарската блокада, но тоа не успеа.

-И понатаму станува на врвот на агендата и во Советот и на ниво на министрите за надворешни работи да се реши оваа блокада. Апелирам до Бугарија, овој отпор да го заврши. Ние понудивме во Виена како неутрално место да продолжат разговорите. Досега оваа понуда не беше прифатена, но сакам јасно да кажам дека настанува вакуум ако оваа перспектива на пристапување не ја реализираме во дела.

Тој вакуум, додаде Едштадлер, ќе биде пополнет со други земји што сакаат да извршат влијанија, како Кина, Русија.

-На Западниот Балкан сакам спротивното да го постигнеме и особено Северна Македонија да ја вклучиме во идната конференција. Западниот Балкан припаѓа во Европа. Се додека Западноиот Балкан се гледа како член и дел од европската перспектива и ЕУ нема да биде комплетна без него, истакна Едштадлер.

Австриската министерка ја потенцираше поддршката што Виена ќе продолжи да ја дава кон Северна Македонија и Западен Балкан на патот кон Европската Унија, додавајќи дека Австрија има особен фокус на регионот на Западен Балкан, со којшто, рече, не поврзуваат историски корени.

-Имаме економски можности особено во Северна Македонија, која е главната точка, и затоа сме посветени на овој регион. Економската соработка е многу важна. Нашите претпријатија на лице место носат дополнителни вредности во регионот и кај нас, рече Едштадлер.

Во однос на илегалната имиграција, министерката рече дека Северна Македонија останува важен партнер во ова поле и ако сакаме да ја запреме илегалната имиграција мора да соработуваме со Северна Македонија, која исто така е и сосед на Грција. Посочи дека минатата година 41.000 мигранти поминале низ Северна Македонија.

Вицепремиерот Димитров, од своја страна, се заблагодари за гласната, принципиелна, пријателска и континуирана поддршка од Виена за европската иднина на целиот Балкан, како и за соработката и поддршката во поглед на Ковид-19, врз основа на принципот на солидарност како обединувачка европска вредност.

-Нашиот пак кон ЕУ е посебно трнлив. Нашиот заеднички пријател и Ваш колега со кого ќе се видам после оваа прес-конференција, министерот Шаленберг, еднаш во Скопје кажа: „Тоа е како Тур д’Франс: има многу етапи, и патот е долг, но не треба да има дилеми кој треба да стои на почетокот на трката“ и затоа и денес се со Каролине согласивме, стартот на овој маратон и трката по европските начела и стандарди, веќе не смее повеќе да се одложува, посочи Димитров.

Димитров подвлече дека како 16 години земја-кандидат и 20 години во процесот на стабилизација и асоцијација, навистина е време да го почнеме пристапниот процес.

-Како нација, направивме многу, но зеленото светло од март минатата година почна да трепка со последниот предизвик со нашиот источен сосед. Ќе биде многу важно за нашите македонски граѓани, но и за граѓаните од целиот Балкан, за да можат да веруваат на зборовите од Европа и одлуките на Европскиот совет, да видат реално поместување напред во оваа календарска година и ние ќе направиме сѐ што можеме тоа да го обезбедиме и работејќи на решение на билатерални прашања, но мислам дека не смееме да дозволиме пристапниот процес да стане заложник на билатерални прашања посебно кога тие прашања не се на линија со европските вредности, потенцира Димитров.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска во Виена треба да има  средба и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Посетата на Виена е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров низ главните градови на земји членки на ЕУ.

извор: МИА

Next Post

Најмногу од депозитите на граѓаните спаѓаат во осигураните до 30.000 евра

НАЈНОВО

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk