ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Mладите, како мотор кој што ги прави и води промените во општеството, се наша приоритетна обврска

April 15, 2021 13:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дозволете да Ве поздравам сите што ја следите работата на 17-тата Конференција на Јадранско-јонската иницијатива и на Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион, овој пат преку видео конекција која со оглед на околностите и условите што ги наметнува пандемијата со КОВИД-19 а со оглед на значајноста на парламентарната поддршка, е нај безбедниот и препорачан начин на одржување на ваквите настани.

Оваа година, како и минатата 2020 година кога се навршија полни 20 години од оформувањето на оваа иницијатива, фокусот е насочен кон подобрување на развојот и зајакнувањето на безбедноста на земјите во регионот, продлабочувањето на соработката помеѓу земјите членки, каде што и Република Северна Македонија има свој удел, како земја која е во процес на интеграција во Европската унија.

Од многуте темелни и специфични прашања кои се дискутираат на средбите, овој пат, фокусот е ставен на тема која се наметна на некој начин принудно, со оглед на потребата од одржување на физичка дистанца со цел почитување на препораките за спречување на ширење на пандемијата, односно, „Кон дигиталното општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот“.

Секако дека оваа промена кон дигитално општество ќе дојдеше кога тогаш, имајќи го предвид новото време, забрзаниот технолошки развој, глобализацијата, потребата од неограничен пазар на трудот, што секако е во тесна корелација со подготовката за конкурентност на тој пазар, односно, образовната, стручната подготовка на младите генерации за успешно вклучување на тој пазар на трудот.

Реално, младите се соочуваат со низа проблеми за влез на тој пазар од типот на несоодветност на стекнатите знаења и вештини во формалниот образовен процес со реалните потреби, просечниот премин на младите лица од училиште на работа, што е околу 2,5 години, како и недоволниот и квалитетен број на слободни работни места. Тука се и младите кои се во меѓу период, односно, завршиле со образование, не се вработиле, не се на некоја доквалификација.

А младите, како мотор кој што ги прави и води промените во општеството, се наша приоритетна обврска, односно, на креаторите на политиките и донесувачите на одлуките во земјите. Во тој контекст, во Република Северна Македонија, во 2016 година донесовме Национален акциски план за младите, во кој беа детектирани состојбите и насоките за делување за подобрување на состојбата на младите на пазарот на трудот и со цел да се намали стапката на невработеност, што е суштинско прашање за решавање, преку имплементација на квалитетни политики за вработување кои ќе предизвикаат долгорочен позитивен ефект во развојот на нашата економија, но, и со носење на посебни закони од областа. Дел од нив се: Имплементацијата на активни програми за вработување преку Оперативен план, воведување на Гаранција за млади, воведување на Младински додаток, донесување и имплементација на Законот за практиканство и Законот за младинско учество и младински политики.

Предмет на уредување на Законот за младинско учество и младински политики се формите на младинско организирање и нивно учество во процесот на креирање политики токму за нив, меѓу другото, и поттикнување на нивниот личен, професионален и социјален развој. Од оваа перспектива, можам да потврдам дека со оглед на пандемијата на Ковид 19 која влијаеше директно негативно на состојбите со пазарот на трудот во Република Северна Македонија, сепак ефектите од имплементацијата на овие алатки може да се сметаат за успешни. Секако, пандемијата испровоцира и друга, позитивна реакција како одговор на наметнатите услови.

Имено, се насочивме кон иновациите во борбата за развој и на некој начин „лекување“ на економијата која за жал доживеа силен удар, меѓутоа, меѓу нив сигурно не е ИТ секторот, секако, и оние кои брзо се прилагодија на новите околности и ги адаптираа своите услуги и производство. Во тој преод помогна многу Фондот за иновации и технолошки развој, преку КРЕАТОН, што е јавен повик наменет за креирање на дигитални алатки и решенија, преку нудење на ко-финансирани грантови за технолошки развој и надминување на последиците, јавни повици за иновациски ваучери со кои ја стимулираа академската заедница и јавен повик за брза реакција и дигитализација на општините.

Основан е и Стартап совет и т.н. Фонд на фондови чиј приоритет е иницијативата за формирање Регионален фонд за иновации на ниво на Западен Балкан и привлекување на дигитални номади преку создавање на  услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за нив. Ќе бидеме една од ретките земји која на претприемачи од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од овде што ќе донесе позитивен ефект за локалната економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со домашните стартапи. Секако, не можам а да не го споменам и Бизнис Акцелераторот во УКИМ, верувам дека е познат на претставниците на академската заедница на оваа конференција и верувам дека дадената поддршка ќе произведе позитивни ефекти врз економското зајакнување, отворање на нови работни места и конкурентност на пазарите и во поразвиените земји.

Тоа што ме радува е што и во ова чудно време, Јадранско-јонската иницијатива продолжува да биде семејството во кое соработуваме регионално, споделуваме искуства, учиме и заедно ги надминуваме предизвиците и воедно го олеснуваме, прошируваме и овозможуваме слободното движење, учење, работење и надградување на нашите млади генерации кои се секако затекнати од наметнатите ограничувања поради пандемијата. Меѓутоа, дигиталното општество и зелената трансформација се реалност и што е најважно, нудат неограничени можности за раст и развој само ако си помагаме меѓусебно искрено. Тоа ќе ни помогне на сите да најдеме поповолен излез од сегашната здравствена, социјална и економска криза.

Почитувани,

На крајот, би сакал да изразам благодарност до нашиот виртуелен домаќин, Државниот збор на Република Словенија, колегата Зорчич за успешно организираната Конференција, со искрена верба дека нашата регионална соработка ќе продолжи да се надградува и развива за посветлата иднина на нашите млади и за целосна интеграција на регионот во Европската Унија.

Next Post

Царовска: Забрзано ги дигитализираме услугите во образованието, граѓаните треба максимално да ги користат овие придобивки

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk