ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Раст на прометот на индустријата на домашниот пазар, на странскиот забележано намалување

April 15, 2021 15:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Прометот во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари лани бележи намалување од еден отсто, во однос на претходниот месец има раст од 3,8 отсто, а за двата месеца годинава во однос на јануари и февруари лани има намалување од 2,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3  отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 26 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи намалување од 5,4 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 48 отссто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,1 отсто, Капитални производи за 20,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2021 година, во однос на јануари 2021 година, има раст од 14,4 отсто, додека во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, пад од 5,4 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, има намалување од 0,7 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,2 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 15,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,1 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2021 година, во однос на јануари 2021 година, има раст од 1,6 отсто, додека во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, намалување од 2,7 отсто.

извор: МИА

Next Post

Студија: До 10 пати е поголем ризикот од згрутчување на крвта по коронавирус, отколку од вакцината против него

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk