ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Општината Центар денеска треба да донесе одлука дали ќе бара суспензија на ДУП-от

April 15, 2021 16:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Деталните урбанистички планови ги креираат општините, тие се на некој начин во сопственост на општините, а Министерството за транспорт и врски е само контрола, така што одлуката е на Општина Центар, која треба да ја донесе денеска на седница на Советот и да ја достави до Министерството, дали ќе бара суспензија.

Ова го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на увид на градежни работи на автопатот Скопје-Блаце, информирајќи дека имал средба со градоначаникот на општина Центар утрово на која бил информиран дека ќе се одржи седница на Советот и дека ќе донесат своја одлука.

– Имавме средба и состанок изутринава на којшто сум информиран дека денеска Општина Центар  на седница на Совет ќе донесе своја одлука како да постапи во однос на ова прашање, а веднаш потоа таа одлука, за која претпоставувам  ќе ја информира јавноста, а секако и нас. Доколку е во насока на суспензија на одреден план ќе треба да достават елаборат до Министерството за транспорт и врски на којшто ние ќе треба да дадеме наше мислење. До колку се работи на суспензија на цел план, има можност за суспензија од 12 месеци додека се донесе новиот план. Доколку се работи на суспензија на само еден дел од тој план тогаш има можност за шест месеци да биде суспендиран тој план и во тие шест месеци да се донесе промената која што би била адекватно и соодветно за таа матична општина. Ние ги очекуваме одлуките на таа матична општина, појасни Бочварски.

Тој додаде дека Министерството има рок од  15 дена  да дадат свое мислење на тоа и повторно се враќа во Советот на Општината на конечна одлука.

– Ја очекуваме одлуката на Општина Центар и ние ќе постапуваме согласно законите коишто ги имаме во државата, потенцира Бочварски, додавајќи дека ДУП не носи Владата или Парламентот, туку  Советот на општината на седница, а дека тие се вклучуваат да дадат согласност за одреден план и тоа не само транспорт, туку  и животна средина и катастар и други десетина институции.

Потенцира дека  матичните ингеренции ги има Општина Центар и дека очекува нивниот интерес и интересот на граѓаните најдобро го чувствуваат тие , а ние, како што рече, секако според законите ќе носиме одлуки.

Министерот посочи дека согласно новиот Закон за урбанистичко планирање е правен во целосна координација со јавноста, со сите политички партии, власта и опозицијата нуди можност за суспензија и дека таа суспензија и барање за суспензија треба да потекне токму од општината чија сопственост е тој план каде што се наоѓа, на чија територија, на чија општина се наоѓа, а потоа сите надлежни институции да ги дадат своите мислења во однос на суспензијата на тој план.

извор: МИА

Next Post

Клуге: Ситуацијата во Европа е сериозна, бројот на смртни случаи надмина еден милион

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk