Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.284 тестирања при што се регистрирани 890 нови случаи на КОВИД-19, како и 1.024 оздравени пациенти и 35 починати лица.
Од вкупно број новорегистрирани заболени од Скопје се 349, Битола 68, Куманово 59, Прилеп 52, Тетово 36, Струмица 35, Велес 32, Охрид 29, Кавадарци 27, Штип 25, Кочани 24, Кичево 20, Гостивар 19, Виница 15, Гевгелија 14, Неготино и Валандово по 11, Струга, Свети Николе и Радовиш по 9, Пробиштип 7, Крива Паланка 6, Ресен и Берово по 4, Делчево и Демир Хисар по 3, Богданци, Демир Капија и Кратово по 2, Крушево, Македонски Брод, Пехчево и Дојран по 1.
Од регистрираните 1.024 оздравени пациенти од Скопје се 464, Битола 74, Куманово 65, Прилеп 60, Кавадарци 51, Велес 40, Гостивар 27, Штип 26, Тетово 25, Струмица и Гевгелија по 21, Берово 16, Кочани 15, Кичево, Неготино и Валандово по 13, Радовиш 12, Ресен 9, Свети Николе 8, Крива Паланка 7, Виница и Богданци по 6, Македонски Брод и Дебар по 5, Пробиштип, Демир Капија, Крушево и Делчево по 4, Пехчево 3, Кратово 2, Дојран 1.
Од вкупниот број починати, 7 се од Скопје (35г, 39г , 61г, 69г, 73г, 80г ,84г), 6 лица од Куманово (65г, 70г, 73г, 74г, 76г и 87г), по 3 починати лица се од Прилеп ( 71г,72г и 77г) и Битола (64г,65г и 74г), по 2 лица од Кавадарци (75г и 76г), Велес (53г и 79г), Штип (67г, 69г), Струмица(54г и 84г), Крива Паланка(71г и 72г) и Струга(62г и 72г), по едно лице од Гостивар (77г), Кочани (34г), Кичево (57г)и Охрид (77г). Од починатите пациенти, сите се починати во болнички услови.
			




