ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Без петтиот пакет мерки, на принуден одмор ќе бидат пуштени тројно повеќе текстилни работници, предупредува синдикатот

April 16, 2021 12:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ако петтиот пакет мерки не се донесе до крајот на неделава, тројно повеќе текстилни работници ќе бидат пуштени на принуден одмор, предупредува Синдикатот за текстил, кожа и чевли (СТКЧ) при Сојузот на синдикатите на Македонија.

Оттаму велат дека пратениците си играат со судбината на илјадници работници кои чекаат плата за февруари и март.

– Нечовечки е во услови на пандемија, Парламентот да си игра со судбината на илјадници работници кои чекаат плата за февруари и март, а сега сме април. Народните пратеници испаднаа ненародни луѓе и не знам со каков образ ќе бараат поддршка на следните избори од работниците кои ги оставија без две плати и егзистенција, вели Љупчо Радевски, претседател на Текстилниот синдикат.

Од Сојузот на синдикати на Македонија потсетуваат дека државната помош треба да ги спаси работните места до втората половина на годинава кога се очекува враќање на нарачките од странските партнери и континуирана работа на текстилните погони.

– Работниците не може да бидат на маргините за нечии политички пазар. Пратениците од власта и опозицијата да не си играат со народот и работникот и да го донесат петтиот пакет мерки и со тоа да се зачуваат работните места и исплатат платите на работниците, порачува претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Законите од петтиот антикризен пакет сеуште се во собраниска процедура и не се изгласани.

извор: МИА

Next Post

Асоцијација за е-трговија: во 2020 се реализирале 7,3 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 229, 6 милиони евра

Shortcut

Најново

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk