ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Состанок на гувернерката на Народната банка Ангеловска-Бежоска со директорот на Одделот за Европа на ММФ Камер

April 17, 2021 11:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето за финансиската стабилност, како цврст столб на македонската економија, поткрепена со стабилен банкарски систем, како и значењето да се прави постојана процена на идните текови и очекувања кои произлегуваат од корона кризата, се дел од темите за кои се разговарало на состанокот со директорот на Одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите Фадил Бајрами, Емилија Нацевска и Ана Митреска, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.

Од Народната банка на Република Северна Македонија соопштија дека на состанокт учесниците констатирале дека пандемијата ја нагласи потребата од силни и независни централни банки што ќе овозможат поддршка при управувањето со кризата, во рамките на своите надлежности. На состанокот било нагласено дека особено важно е понатамошното унапредување на правната рамка за Народната банка, што ќе овозможи целосна независност, како предуслов за натамошно успешно остварување на нејзините цели.

-Посебно внимание му беше посветено и на прашањето за финансиската стабилност, што се покажа како цврст столб на македонската економија, поткрепена со стабилен банкарски систем. Со оглед на продолжената пандемија и зголемената неизвесност, беше нагласено дека од суштинско значење е да се прави постојана процена на идните текови и очекувања, при што мерките и одлуките за финансискиот сектор треба да бидат превентивни. Пример за тоа е последната одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда, се наведува во соопштението на НБРСМ.

Од НБРСМ информираат дека во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка бил одржан состанок и со резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле. 

извор: МИА

Next Post

Продолжен рокот за пријавување за вакцинација за новинари и медиумски работници

Shortcut

Најново

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk