Во духот на пораката од Светската Федерација за хемофилија „Вашите постапки денес. Нивна иднина за утре!“, Рош Македонија организираше регионална кампања за одбележување на Светскиот ден на хемофилија со цел поддршка на сите лица со хемофилија и со кој било друг тип на коагулопатија.
Во кампањата, како што соопштија од Рош Македонија, беа вклучени лекари од државава, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора кои порачаа дека Ковид-19 е нашата нова реалност со која треба да научиме да живееме, а лицата со хемофилија и понатаму имаат потреба од соодветна терапија и нега. Заедно да придонесеме кон достапност до терапија за сите лица со хемофилија со цел долготрајно подобрување на квалитетот на нивните животи.
Во регионалната кампања учествувале и лица со хемофилија токму од овие земји, кои споделиле дел од нивната приказна и живот со хемофилија. Ги споделиле предизвиците со кои се соочуваат како и ограничувањата кои ги носи оваа состојба.
– Како вистински партнер во областа на Хемофилија, Рош ги поддржува лицата со оваа состојба и токму денес на Светскиот ден на хемофилија ве поканува заедно да дадеме поддршка и почит за сите лица кои живеат со хемофилија и да придонесеме кон реализација на „живот без ограничувања“. Заедно сме посилни!, се наведува во соопштението.
Пандемијата со Ковид-19, додаваат, донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата со хемофилија.
– И покрај големите промени кои настанаа на глобално ниво хемофилијата остана иста, сериозно наследно нарушување на коагулацијата кое носи голем број предизвици за лицата кои живеат со оваа состојба, се вели во соопштението.
извор: МИА