ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Субвенциите се единствената мерка на властите да ги стимулираат граѓаните да возат велосипеди

April 17, 2021 20:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Субвенциите за набавка на велосипеди што почнаа да се доделуваат во неколку македонски општини изминативе години се единствената мерка што претставува стимул од институциите кон граѓаните за повеќе да возат велосипеди во своите средини. Меѓу локалните самоуправи кои делат субвенции за граѓаните е Градот Скопје, кој годинава ќе им додели на заинтересираните граѓани субвенции до 3.000 денари доколку набават велосипед. Толкава сума на средства доделуваат и другите општини, кои субвенциите ги даваат преку објавување на јавен повик по принципот „прв дојден-прв услужен“.

Ова е единствената општинска мерка за поддршка на велосипедскиот превоз директно кон граѓаните, додека македонската држава нема ниту една мерка за да ги стимулира граѓаните повеќе да возат велосипеди при своите патувања. За разлика од велосипедскиот превоз, мерките за поддршка на автомобилскиот превоз се присутни, од субвенциите за вградување на уреди за плин во возилата до најавените субвенции за набавка на хибридни возила и за промена на половните автомобили што повеќе го загадуваат воздухот со возила со ЕУРО 5 и 6 стандарди.

„Мета.мк“ направи анализа на позитивните примери од странство, каде што државата, работодавачите и општините преку низа на мерки ги стимулираат граѓаните за да ги користат секојдневно велосипедите во своите патувања низ и меѓу градовите.

Финансиска поддршка за корисниците на велосипедскиот превоз

Работодавачите во Холандија можат да им исплатат на своите вработени – велосипедисти додадок за поминатата километража во износ до 0,19 евра по километар (без пресметан данок), која што е идентична сума што ја добиваат и вработените кои одат до своето работно место со автомобил, се наведува на веб-страницата на холандската влада.

Во Велика Британија, владата има воведено посебен пакет за вработените кои патуваат со велосипед до своите работни места, модел кој им овозможува на вработените да добијат велосипеди и опрема со попуст преку нивниот работодавец. Компанијата го купува велосипедот за вработениот и му го дава под закуп вообичаено за период од 12 месеци, објаснува официјалната веб-страница cyclescheme.co.uk. Од бруто платата на вработениот се одзема сума на месечно ниво за отплата на велосипедите.

Слично на Холандија, граѓаните кои ги користат велосипедите за деловни цели во Велика Британија можат да добијат по 0,26 долари за изминат километар. Во оваа мерка не се вклучени оние вработени лица кои го користат велосипедот за да одат до своето работно место, туку оние на кои им е потребно ова превозно средство за да ги извршат своите работни задачи.

Слични стимулации воведоа Белгија и Луксембург, додека Франција лани на велосипедистите им исплати чекови од по 50 евра за поправка на нивните велосипеди по воведениот локдаун поради ковид-19 пандемијата. Само за оваа мерка, француската влада одвои 20 милиони евра, пренесува Ројтерс. Дополнително, француската министерка за животна средина Елизабет Борн ја најави владината програма која ќе им овозможи на работодавачите да им покријат до 400 евра патни трошоци на вработените кои одат со велосипед до своето работно место.

Бесплатни велосипеди за граѓаните

Набавката на бесплатни велосипеди за користење на одредена категорија на граѓани е мерка на различни иницијативи, која што е присутна речиси неколку децении наназад во западноевропските земји. Шведската влада на жителите на Гетеборг пред неколку години им воведе програма за доделување бесплатни велосипеди, при што граѓаните за возврат ќе треба да ги исфрлат од употреба нивните автомобили најмалку три пати неделно.

Во Бирмингем, Велика Британија е воведена програма за жителите од посиромашните делови на градот, со која тие можат да поднесат барање за доделување бесплатен велосипед, под услов да се сложат дека ќе го користат ова превозно средство за патувања. Секој граѓанин над 16 години може да се пријави, а максимум два велосипеда по домаќинство може да се доделат, се наведува на општинската веб-страница на Бирмингем.

Велосипедистите признаени како учесник во сообраќајот

Пред неколку месеци, Франција ја комплетираше националната велосипедска рута од Париз до Довил, долга 420 километри. Овој автопат за велосипедисти е само една од 48-те национални рути што како стратешка инфраструктура се градат низ Франција, со цел градовите да се поврзат меѓусебно со велосипедски патишта. Вакви „велосипедски автопати“ меѓу градовите постојат во Холандија и во други европски земји, а со цел велосипедите да се вклучат во меѓуградскиот сообраќај.

Исто така, во урбаните средини се воведуваат „зони 30“ со ограничување на брзината на движење на возилата до 30 километри на час, заедно со одземање на дел од коловозот на улиците за велосипедски ленти, со намера истовремено да се стимулира користењето на велосипедите и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Со исклучок на позитивните примери што ги применија мал дел од општинските власти во Скопје изминативе 3-4 години на неколку сообраќајници во главниот град, ваквото решение засега нема систематска примена во нашата земја.

Меѓу поволностите од другите земји, тука се и „Park & Ride“ терминалите, каде што на возачите на автомобили од други населени места им се овозможува бесплатно да го паркираат својот автомобил надвор од градот и да продолжат со велосипед до крајната дестинација на патување, но и можноста да се превезува велосипедот со средствата за масовен превоз (автобус, воз, трамвај) во градовите. Иако во Скопје ваквите можности со години наназад се најавуваат, тие никогаш како проекти не заживеаја за граѓаните да можат редовно да ги користат овие поволности.

Воедно, Македонија е една од ретките европски земји која што има изградено вкупно 0 километри од својата национална велосипедска инфраструктура, односно нема ниту еден велосипедски пат што би ги поврзал соседните градови. Дополнително, државните и општинските институции меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е одговорен за изградба на велосипедски патишта меѓу градовите.

извор: МETA.мк

Next Post

Година дена успешна работа на културно социјалниот простор ЈАДРО

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk