ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Екоцентар 97: Огласените количини опасен отпад во кругот на АД ОХИС базирани на информации стари над 20 години

Дополнително, количините објавени во Јавниот oглас се базирани на информации кои датираат пред повеќе од 20 години, односно, пред објавување на Јавниот Оглас не биле извршени мерења за конкретно утврдување на хемиските супстанци и настанати соединенија со текот на годините

December 5, 2019 17:11
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата “Екоцентар 97” ДООЕЛ Скопје денеска преку соопштение појаснува дека за проектот “Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје” била избрана за најповолен понудувач на распишан Јавен oглас за „Изведување на услугата за отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС – во стечај” со Решение донесено од Основен Суд 2 на 12.10.2018 година.

-Проектот опфаќа третман на 11 различни видови опасен отпад кои беа лоцирани во кругот на фабриката АД ОХИС – во стечај, складирани во дотраeни и оштетени садови повеќе од 20 години. Дополнително, количините објавени во Јавниот oглас се базирани на информации кои датираат пред повеќе од 20 години, односно, пред објавување на Јавниот Оглас не биле извршени мерења за конкретно утврдување на хемиските супстанци и настанати соединенија со текот на годините, како и евиденција со точни количини, наведуваат од компанијата.

При тоа посочуваат дека согласно увидот што го направиле бил изготвен Инвентар на хемиските материи/отпад по методологија на: претпоставени количини врз основа на декларирана количина истакната на постоечките пакувањa на хемикалиите/отпадот и на димензиите на садовите и резервоарите во кои тие биле складирани.

Од изготвениот Инвентар на хемиските материи/отпад било утврдено во најголем дел несовпаѓање на огласените со констатираните количини отпад. Имено, боци со хлор според податокот од Јавниот оглас се 48 парчиња, а од увид биле избројани 81 парче. Хемиски супстанци од Јавниот оглас има 4 иницијатори, количина: 3.2 тона, а од увидот се констатирани 5 иницијатори и количина од 4.6 тона, метил акрилат мономер според Јавниот оглас е 11 тони, а при увидот е констатиран празен резервоар; Акрилонитрил Мономер според огласот требало да има 35 тони, додека увидот покажал 11 тони, Метанол во огласот било наведено 50 тони, а увидот покажал 30 тони; стари хемикалии со непознат состав се проценувало дека има 18 до 20 тони, увидот покажал 24 тони.

Од Екоцентар 97 додаваат и дека утврдување и прецизно евидентирање на точните количини од секој поединечен тип опасен отпад, предмет на Јавниот оглас, се вршел при самиот процес на преточување и препакување на супстанците, процес кој, велат, започнал по одобрувањето на Елаборат (Јуни 2019 година) и досега, сите количини на опасен отпад, со исклучок на Винил Хлоридот, се уредно измерени и евидентирани при процесот на преточување и препакување. Сите реално констатирани количини, од секој тип на опасен отпад кој е досега третиран, се внесени во Извештаи кои се уредно доставени до Стечајниот Управник, наведуваат од компанијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk