„Борбата за родова еднаковст ја сметам како една општа борба за човекови права. Сепак борба е. За жал, особено кај нас, многу сме конзервативно и традиционално општество, што за мене како левичар е навистина разочарувачки. Често сакаме да се претставиме како либерални и модерни, но ако згребете подлабоко ќе се види најтрадиционално, најконзервативното што се рефлектира токму во семејството“, рече Дамјан Манчевски, министер за инфроматичко општество и администрација на панел дискусијата „Улогата на мажите во родовата еднаквост“.
„Многу поголеми резултати ќе имаме во оваа борба, ако жените се обединети во неа. Една работа што ме научи политиката и животот е дека никој ништо нема да ти даде ако не се бориш. Колку за нештото никој нипто да нема против, ако не бараш, не се буниш и бориш, нема шанси“, истакна Манчевски.
Тој смета дека проблемот е во изнаоѓање решение, механизам што ќе даде побрзо видливи резлтати во борбата за родова рамноправност. Како пример за тоа колку се потребни овие механизми, ја посочи новата министерка за финансии, Нина Ангеловска и неверојатните коментари со говор на омраза, упатени токму од жените.
Панел дискусијата се одржа во рамки на Неделата за женски права и родова еднаквост во организација на Нациноален демократски институт. Говорници на панелот беа и Џабир Дерала, ЦИВИЛ, Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Собрание на РСМ, Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби и Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности во Собранието на Република Северна Македонија.
Биљана Јордановска