ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Пејзажи на совеста“ за врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување

Утревечер, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба со наслов „Пејзажи на совеста“, која ги истражува врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување

December 5, 2019 18:29
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Утревечер, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба со наслов „Пејзажи на совеста“, која ги истражува врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување.

Во рамките на поставката ќе бидат изложени 11 фотографии, 8 видео-инсталации како од нови, така и од признаени автори и 4 филмски уметнички дела кои ќе се прикажат на 7, 8 и 10 декември, со почеток во 18 часот.

„Пејзажи на совеста“ во фокусот ја става потребата за поголема политичка, сеизмичка промена, гледајќи го светот како вмрежан екосистем составен од различнo-конфигурирани, историско-динамични контакт зони наместо како збир од различни, одвоени екосистеми. Кураторскиот концепт ги отфрла потенцијалните дискусии за единките во/и животните средини, како форми на благосостојба обликувани според класни и расни уверувања. Заробени во сопствените моќи и ограничените животни сфери, посветено создаваме свет полн спектакли заснован врз историското насилство, каде Земјата и водата се ништо повеќе од декор.

Во рамките на „Пејзажи на совеста“ ќе бидат претставени дела на 12 уметници (Мила Паниќ, Карлос Касас, Урсула Биман, Арјуна Нојман и Дениз Фереира да Силва, Јунес Бен Слимане, Патрик Содерлунд, Ругил Барзџукаите, Хироацо Сузуки и Росана Торес, Тамер Хасан и Арманд Јервант Туфенкиан), а јавната програма ќе понуди и разговори со двајца од авторите: Мила Паниќ (БиХ, Германија) и Карлос Касас (Шпанија).

“Пејзажи на совеста” е дел од програмата на филм и видео на МСУ-Скопје. Изложбата се реализира во соработка со Право Људски Филм Фестивалот од Сараево, а поддржана е од Министерството за култура на Република Северна Македонија и “Еуролинк осигурување”.

Кураторкa на изложбата e Кумјана Новакова, во соработка со Диого Переира, а визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска Зарапчиев.

Изложбата ќе биде отворена од 6 до 10 декември 2019 година.

Next Post

Мапирани и снимени 42 диви депонии во Националниот парк Маврово

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk