Во рамките на кампањата за активно вклучување во климатските акции „Зелено светло за „зелен“ транспорт“ поддржана од UNDP и Министерството за животна средина и просторно планирање, се вбројуваат низа активности кои треба да ја подигнат свеста на населението за изворите на стакленичките гасови, како и итната потреба од нивното намалување или потполно елиминирање.
Поддржувачите на кампањата „Зелено светло за „зелен“ транспорт“ нагласуваат дека климатските акции се особено потребни во периодот на пандемија и ја потенцираат важноста од вртење кон еколошки транспорт. Иако емисиите на стакленички гасови бележат намалување поради редуцираното движење за време на локдаунот, се очекува тие да достигнат брз пораст со рестартирањето на економијата, а напорите за декарбонизација да се соочат со сериозен удар.
За повеќе информации посетете ја веб страната https://klimatskipromeni.mk/
извор: МИА