ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со шестиот пакет мерки, финансиска помош за околу 10.000 компании и 60.000 вработени

April 21, 2021 09:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Владата го презентираше шестиот пакет антикризни мерки, проектиран на 17,8 милиони евра. Станува збор за таргетирана финансиска помош што ќе ја добијат околу 10.000 компании и 60.000 вработени.

Пари во државниот буџетот за исплата на овие средства има. Но, состојбата и натаму будно се следи, се анализираат екномските параметри. Ако се оцени дека е потребно, како што велат надлежните, ќе се интервенира повторно.

Со шестиот пакет се опфатени 12 категории дејности меѓу кои: угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки, ноќните клубови, рестораните за свадби, ивент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за туристичките агенции, како и за медиумите, а планирани се и бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои ќе престојуваат во земјава.

И додека во Владата вицепремиерот Фатмир Битиќи заедно со ресорните министри го презентираше пакетот, туристичко-угостителските работници протестираа. Под мотото „Ќе можете ли“ уште еднаш побараа еднократна финансиска помош за да продолжат со работа. Сопствениците на угостителските објекти, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и членови на Туристичката комора предупредија дека без соодветна и навремена помош ќе бидат принудени да стават клуч, поради што ќе бидат загубени и многу работни места.

-Ставаме на располагање 17,8 милиони евра, таргетирана финансиска поддршка за 12 категории на економски дејности, 17,8 милиони евра со кои ќе се поддржат близу 10.000 компании и околу 60.000 вработени, наши сограѓани. Од самиот почеток на кризата Владата носи сеопфатни мерки на секои три до четири месеци, во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, образложувајќи го шестиот пакет.

Тој нагласи дека со пакетот на угостителските објекти ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите, но тие ќе добијат и дополнителни 15.200 денари за секој вработен. За оваа намена се предвидени 9,9 милиони евра. Се очекува да бидат опфатени 6.000 угостителски објекти со околу 17 илјади вработени. Со околу 2,5 милиони евра ќе бидат поддржани приватните детски одмаралишта, ноќните клубови, игротеките, рестораните за свадби, ивент индустријата, фитнес центрите и фотостудијата. Во оваа категорија, според проценките, спаѓаат околу 1.200 компании на кои ќе им бидат покриени околу 30 проценти од приходите и дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен.

Според Битиќи, категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра. Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Околу два милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година, мерка која ќе се реализира преку Развојната Банка а ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки. Преку бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од еден милион евра ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, посочи дека дел од мерките имаат и развојна компонента, во насока на раст на ликвидноста и поттикнување на инвестициите. Шестиот пакет, напомена Бесими, е уште една потврда на Владата за поддршка и стимулирање на економијата.

-Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството. Оттаму и мерките кои се предлог на Министерството за финансии. Едната е поддршка на ликвидноста за компаниите кои ја реинвестирале добивката за 2020 годинa преку субвенционирање на камати на кредити, а втората е кредитната линија од 61,5 милиони денари со нула отсто камата за финансиска поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од КОВИД-19 и ќе се пласира преку Развојната банка, информира Бесими.

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Министерот за економија Крешник Бектеши се осврна на неговиот ресор, потенцирајќи дека само за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор со шестиот пакет се планирани мерки вредни 14,8 милиони евра.

-Досега овој сектор е поддржан со над десет милиони евра и тоа преку ваучери за домашен туризам со вкупно 6,2 милиона евра, со враќање на уплатена туристичка такса од 950 илјади евра, со грантови за туристички агенции во вредност од 1,2 милиони евра, со средства за кофинансирање на настани и конференции со финансиска поддршка од државата каде беа наменети 24 илјади евра, преку грантови за категоризирани ресторани за свадби со 906 илјади евра, грантови за игротеки во вредност од 222 илјади евра, грантови за туристички водичи со лиценца кои добија 82 илјади евра, како и со мерката за продолжување на лиценци за работа на дискотеките и ноќните клубови, мерка која изнесуваше 97 илјади евра, потсети Бектеши.

Две мерки од шесттиот пакет ќе се реализираат преку Развојната банка: нова бескаматна кредитна линија за субјектите во дејноста емитување радио и телевизиски програми, како и субвенционирање на трошокот за камата на компаниите кои ја реинвестирале остварената добивка.

-Преку јавен повик ќе им биде овозможено на медиумите да користат бескаматен кредит со рок на отплата од 48 месеци и грејс период од 12 месеци. Втората мерка е нов модел за субвенционирање трошок на компании кои ќе ја реинвестираат остварената добивка. Ова нема да биде нова кредитна линија, туку ќе биде нов модул за субвенционирање на каматниот трошок, објасни директорот на Банката, Кире Наумов.

Вчера со реакции се јавија и партиите. За ВМРО-ДПМНЕ шестиот пакет е задоцнет и мерките нема да ги покријат загубите на најкритичните стопански дејности. ДУИ, пак, смета дека новиот пакет е неопходен за полесно справување и надминување на кризата.

Ребалансот на Буџетот се најавува за средината на годината, а дотогаш, доколу има потреба, ќе се прават пренамени и ќе може да се реализираат сите мерки што се најавени.

Next Post

Јавното обвинителство врши истрага за убиството во Струга

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk