ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Димитров во работна посета на Латвија и Литванија

April 21, 2021 10:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Рига и Вилнус, каде на средби со високите претставници на двете земки ќе им ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома.

Во рамки на утрешната посета на Латвија, предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот Парламент (Saeima) – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања. Во Литванија, пак, во петок, вицепремиерот Димитров ќе биде примен од премиерката Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик спикерка и претседателка на Комисијата за европски прашања во литванскиот Парламент (Seimas).

-Балтичката турнеја на Димитров ќе биде заокружена со посета на Естонија во почетокот на мај. Таа е продолжение на серијата посети на Димитров во главни градови на ЕУ земји членки. Како и во Германија, Словенија, Хрватска, Австрија, така и во овие две балтички земји, кои се дел од групата „Пријатели на проширувањето“, ЗПВ Димитров ќе разговара со високите претставници на Латвија и Литванија во контекст на нивната поддршка за европското досие на Северна Македонија. На средбите Димитров ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома, се наведува во денешното соопштение од Секретаријатот за Европски прашања.

Од СЕП најавуваат дека на средбите ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на билатералната соработка за успешно спроведување на европските реформи преку конкретна техничка поддршка, како и продлабочување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и интензивирање на економската и трговска размена.

извор: МИА

Next Post

Царовска на средба со директорите на средните училишта: Tечат подготовките за матурата

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk