ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК: Јавните набавки и вработувањето во јавниот сектор приоритети на Националната стратегија за спречување на корупција

April 21, 2021 11:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Национаната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси и Акцискиот план за спроведување 2021 – 2025 година, опфаќа 14 критични сектори, од кои четири за првпат – урбанизам и просторно планирање, животна средина, земјоделство и спорт. Приоритетни сектори се јавните набавки и вработувањето во јавниот сектор, додека најмногу мерки и активности се насочени во секторите здравство, образование и инспекциски служби. До крајот на 2021 година предвидено е да започнат 31 процент од вкупно планираните актовности во стратегијата, информираше на денешната прес-конфернеција Државната комисија за спречување на корупција.

Ризични сектори, детектирани и опфатени во стратегијата што Собранието ја усвои на 18 април годинава, се и политичкиот систем, правосудството, трудот и социјалната политика, економијата и бизнисот, јавните претпријатија, медиумите и граѓанското општество.

Директорката на ДКСК, Билјана Ивановска, информираше дека првпат во Собранието се разговарало за ваква Национална стратегија и тоа на две собраниски комисии – за политички систем и законодавно-правната и на тридневна пленарна седница.

– Сите дискутанти и од власта и од опозицијата се согласија дека расправаат за добро подготвен документ, во кој многу реално се детектирани ризичните фактори, области и сектори и на ДКСК и дадоа целосна поддршка за спроведување на Стратегијата, изјави Ивановска.

Откако Собранието ќе ги објави заклучоците, Ивановска посочи дека Комисијата ќе ги има предвид сите идеи и сугестии од пратениците во натамошното ревидирање на Стратегијата.

Координаторот на усвојувањето на Националната стратегија, Владимир Георгиевски посочи дека стратегијата е превентивен и проактивен механизам за справување со корупција, што согласно новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси ја подготвува ДКСК и ја достави во Собранието, кое по разгледувањето ја усвои на 18 април годинава.

– Успешната антикорупциска политика е дел од евроинтегративниот процес, а стратегијата е темел за унапредување на законската рамка и преземање на реформските активности во иднина. Со самото усвојување на 18 април овој единствен национален петгодишен антикорупциски стратешки документ, станува жив документ и по објавувањето во Службен весник, продолжуваат да течат роковите за имплементација, изјави Георгиевски.

Во креирањето на стратегијата и активностите за нејзино спроведување, Георгиевски посочи, дека биле донесени со целосна инклузивност на претставници од сите законодавни и извршни инстиутуции, локалната самоуправа, приватниот и граѓански сектор и медиумите.

– Со ова се овозможи институционална сопственост, бидејќи заеднички беа утврдени проблемите и ризиците, како и мерките и активностите за нивно надминување. На тој начин и самата имплементација би требало да се олесни, бидејќи не се работи за мерки наметнати од надвор, туку ги креирале самите институции, нагласи Георгиевски.

Одредени мерки во стратегијата, посочи Георгиевски, произлегуваат од самата работа по предмети на ДКСК – односно за тоа што граѓаните пријавувале.

– Следењето на имплементацијата ќе биде преку електронски систем, а ДКСК ќе доставува и годишни извештаи до Собранието, по кои ќе се спроведуваат и комисиски расправи на кои ќе учествуваат и одговорни лица од надлежните институции, нагласи Георгиевски.

Катица Николовска од ДКСК појасни дека до крајот на 2021 година предвидено е да започнат 93 приоритетни активности или 31 процент од вкупно планираните активности во Стратегијата.

– Предложени се 110 мерки и 184 активности за нивно реализирање во перидот од 2021 до 2025 година. Од нив 93 активности треба да започнат 2021 година или 31 процент од вкупно планираните. 69 треба да започнат во 2022, десет активности се планирани во 2023 и три активности во 2024 година. Тие може да се пролонгираат, бидејќи сепак зависат од подготвеноста на институциите, кои треба да пристапат кон нивно реализирање, нагласи Николовска.

Најмногу мерки и активности се насочени во секторите органи за спроведување на закон – 13 мерки и 25 активности, сектор здравство со 18 мерки и 26 активности и сектор образование – 18 мерки и 28 активности.

извор: МИА

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Пладневен преглед: Донесен шестиот пакет антикризни економски мерки, Бугарија останува подготвена за дијалог, рестриктивните мерки остануваат во сила уште една недела

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk