ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: На дело се градат и функционираат механизми што ја санкционираат корупцијата

April 21, 2021 22:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Она што сега е различно, од она што било претходно, е што се градат и на дело функционираат механизми што ја санкционираат корупцијата кај нас, или имаат начини таа да се санкционира. Фактот што имаме процеси против крупни функционери, директори, поранешен генерален секретар на Владата, кажува дека никој не е недопирлив и не е над законот и оти законот важи еднакво за сите, изјави вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за емисијата „Агенда 35“ на Националниот сервис.

– И тоа е важна порака од институциите кон граѓаните затоа што не може да постои јавна доверба во правосудството и во Обвинителството, доколку законот не важи еднакво за сите. Имавме многу години дискусија околу тоа дека кај нас одговараат само луѓе кои краделе салати или ќебапи, меѓутоа денес гледаме на дело дека правдата функционира за секого, рече министерот.

Додаде дека корупцијата е феномен што го има во сите држави, особено ако ги гледаме државите од нашиот регион, но и во држави членки на ЕУ постојано се отвораат коруптивни случаи. Маричиќ го спомена случајот во моментов во Хрватска, каде двајца судии се јавно обзнанети за поткуп.

Според Маричиќ, подеднакво важно од тоа законот да важи еднакво за сите и да нема недопирливи, е исто така да се почитува и презумпцијата на невиност.

-Не е добро да се одвиваат судења и да се даваат пресуди кој е виновен, кој не е виновен преку медиумите, не е добро тоа да се прави на социјалните мрежи, не е добро да се прави ни на партиски прес-конференции. Најсоодветно е да се почитува презумпцијата на невиност на секого, секој да има можност во фер постапка да ги изнесе своите аргументи зошто смета дека е невин, работа на Обвинителството е товарот на докажување, некој да докаже дека е виновен, а секој е невин се додека не се докаже дека е виновен, рече Маричиќ.

Истакна дека ако се има сето ова предвид, особено кога се работи за луѓе кои имале и политички периоди и јавен углед, да се внимава на презумпцијата на невиност, но исто така е важно да се внимава на фер постапка која исто така ќе го каже своето и јавноста ќе го види преку доказите и аргументите.

Маричиќ, на новинарско прашање, одговори дека и тој самиот се смета дека не е недопирлив.

-Јас сум како и сите други граѓани со своја обврска и одговорност. Секој министер за правда има тешка задача во комуникацијата на извршната власт со судството, но ние сме задолжени за зајакнување на капацитетите во правосудството. Никогаш не сум се чувствувал недопирлив, и никој фунинкционер не треба да се чувствува така, за нас важат истите правила како и за сите граѓани. Не е добро да се оддалечи функционерот од граѓаните затоа што тоа е лошо и за него и за граѓаните, рече министерот Маричиќ.

извор: МИА
Next Post

Маричиќ: Не сум недопирлив, ама не се ниту другите, нема селективна правда

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk