ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Финансиската поддршка од Шестиот пакет мерки е реална, пари ќе добијат дејностите кои што се најпогодени

April 22, 2021 10:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиската поддршка од Шестиот пакет мерки е реална и предвидува поддршка за оние дејности кои што со одлука на Владата се затворени, односно кои се најпогодени од пандемијата. Овие мерки се континуитет на претходните, а најголем дел од поддршката е наменета за туристичко-угостителскиот секор, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во „Економски Магазин“ на Алсат телевизија.

Министерот во емисијата појасни на кој начин е предвидено да се исплаќа финансиската поддршка во секторите кои што целосно се затворени, како и оние кои што се затворени со последната одлука на Владата од три недели.

„Моделот е комбиниран. Предвидовме за сите регистрирани угостителски објекти да доделиме финасиска помош според нивните приходи или прометот кој го имале во 2019 година комбинирано со 2020 година, ќе се земе просекот од месецот и за периодот во кој биле затворени, 30% од тој промет ќе им се додели на угостителските објекти. Оваа мерка покрај угостителите е во иста форма е наменета и за приватни детски одморалишта, ноќни клубови, игротеки, ресторани за свадби, евент индустрија, фитнес центри, фотографи и фотографски студија и туристички агенции. Моделот ќе биде сличен како оној кој што го реализиравме во четвртиот квартал 2020 година каде ќе одиме со директна помош како грант, зависно од категоризацијата. Предвидена и поддршка за исплата на плата по вработен.На пример за една компанија со 10 вработени ќе се поделат 152.000 денари за исплата на плати на вработените,“ кажа министерот.

Тој појасни дека според податоците од УЈП и Централен регистар, ако се прави споредба во угостителскиот сектор и туризам воопшто, ако правиме споредба од 2020 година и тоа што е пријавено оваа година и се спреди со 2019 година, ќе  констатираме дека има пад од 30% на приходите во оваа дејност на државно ниво, што значи дека за оние кои што се затворени цела година според одлука на Влада тие ќе добијат 30 проценти од месечниот приход за секој месец поединечно.

“Кога сме кај рестораните за свадби и прослави, точно да ги информираме сопствениците на ресторани за свадби. Значи во 2019 година просекот пријавен од овие компании беше 35.000 евра, ако се дели на 12 месеци, тоа е 3.000 евра и од 3.000 евра ќе добијат 30%. Оваа е помошта која со моделот на враќање на процентот ќе им се дава на рестораните кои организираат свадби и прослави и плус да додадеме дека за секој вработен ќе добијат дополнителни 15.200 денари“ кажа министерот и потсети дека минатата година овие ресторани добија директни грантови до 10 илјади евра и во меѓувреме се категоризираа во вкупно 140 вакви објекти.

Во однос на оние угостителски објакти кои се затворени во изминатите две недели, и ќе станат уште една недела затворени тогаш како што појасни министерот ќе се земе просекот од 2019 година, 2020 година од денот кога започна пандемијата до крајот на првиот квартал на 2021 година и врз основа на тие податоци ќе се дели на 12 месеци и сумата која е за еден месец, ќе се земат 75% затоа што забраната е 21 ден и од 75% ќе добиваат 30%.

“Финансиска поддршка за исплата на плата од 15.200 денари според оваа мерка ќе добијат сите оние вработени во угостителскиот објект кои биле пријавени како вработени на 6 април 2021 година кога беше донесена одлуката за затварање, односно за примање на гости“ кажа министерот.

Министерот информираше и дека следниот месец Министерството за економија ќе го објави јавниот повик за туристички ваучери, а ќе ги добијат сите вработени со ниски приходи кои ќе имаат право да аплицираат. Предвидено е да бидат опфатени околу 1.000 граѓани.

Next Post

ДИЖС и Амбасадата на САД заеднички го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk