ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска на состанок со ЗЕЛС и градоначалници: Се интензивираат подготовките за спроведување на образовните реформи во новата учебна година

April 22, 2021 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На онлајн состанок на министерката за образование и наука Мила Царовска со ЗЕЛС и градоначалниците се разговараше за тековните подготовки на локалните самоуправи и училиштата со цел успешен почеток и имплементација на сите реформи во образованието кои започнуваат во новата учебна година и треба да обезбедат поквалитетен воспитно – образовен процес и за основците и за средношколците.

„Задоволство ми е што од изнесеното од ваша страна, во најголем дел веќе сте подготвени за промените кои треба да се случат во интерес на нашите ученици, но и во интерес на вработените во училиштата. Ценам дека сплотеноста на локално ниво и заложбата која е видлива кај речиси сите присутни е клучен предуслов за да успееме да го постигнеме ефектот кој е проектиран при креирањето на новата Концепција за основно образование, новите наставни програми, но и сите други новини кои ги испланиравме преку еден заеднички и транспарентен процес“, рече Царовска.

Министерката нагласи дека сите општини кои имаат потреба, ќе добијат дополнителна поддршка и инструкции од Министерството за образование и наука и од Владата во делот на подготовките. Информираше дека во текот на месец мај ќе започнат обуките за наставниците кои ќе предаваат по новите наставни програми во прво и четврто одделение, а ќе се реализираат и во текот на месеците јуни и август.

Посочи и дека од 1 мај ќе биде активна електронската услуга за упис на ученици во прво одделение и дека и за оваа активност се предвидени обуки за вработените во училиштата кои согласно планот започнуваат утре, а на состанок стана збор и за претстојните уписи во средните училишта за што уписната политика беше креирана преку заедничка активност на МОН, локалните самоуправи со бизнис заедницата.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу рече дека локалната самоуправа со која раководи дава целосна поддршка на реформите кои ќе значат осовременување на образовниот систем, потенцирајќи дека особен фокус треба да се стави на континуирана едукација и обука наставниот кадар. Воедно, како што рече заеднички како и досега што се изнаоѓаа решенија за сите предизвици, потребно е да се работи на изнаоѓање подобар начин на финансирање на училиштата со цел постигнување на максимални резултати во делот на образованието, на што веќе и се работи.

Нагласувајќи дека општина Прилеп активно се подготвуваат за имплементација на новата Концепција, градоначалникот Илија Јованоски најави обезбедување на потребните ресурси, вклучително и дополнителни 600 таблети за секое дете да има еднаков пристап до образованието и новитетите.

Со поддршка за реформите во дискусијата се вклучи и Наташа Петровска, градоначалничката на општина Битола, која рече дека особено воведувањето на новите наставни програми и дигитализацијата во нашата земја мора што поскоро да се случат.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко рече дека процесот на воведување на реформите треба предвид да ги земе разликите помеѓу урбаните и руралните средини и да се даде дополнителна поддршка особено во обезбедувањето на потребите ресурси.

За време на состанокот, градоначалниците дополнително информираа дека активно се подготвуваат и за одредени инвестиции во делот на инфраструктурата, со кои ќе биде потпомогнат процесот на промени за подобра настава. Потенцираа и дека тековната учебна година се реализира успешно и очекуваат така и да заврши.

Next Post
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Судот на „народот“

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk