ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Нуредини: На Денот на планетата Земја имаме практични примери на политките за одржлив развој и здрава животна средина

April 22, 2021 15:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од тетовско Теново каде се пушти во употреба фотонапоска централа на Денот на планетата земја – 22 Април тоа го оцени како вистинската порака како треба да се грижиме за планетата. Користењето на обновливи извори на енергија како оваа централа, според него, е примерот како се подобрува животната средина.

–Оваа централа која е обновлив извор на енергија е практичен пример за конкретно остварување на политиките на нашата Влада за одржлив развој и здрава животна средина. Ние гледаме како приватниот инвеститор може да биде партнер во спроведување на зелената агенда. Гледаме како функционира меѓуресорска соработка за клучни прашања од областа на животна средина, како Министертсво за економија преку имплементација на климатските аспекти и придонесува за декарбонизација на нашето општество, а воедно и намалување на загадувањето на нашата земја. Тоа значи интегиран пристап во планирање на енергијата и климата, рече министерот Нуредини.

Воедно, тој информираше дека минатата недела државата го поднесе евидираниот национален придонес кон договорот од Париз со обврска да се намали емитувањето на стакленичките гасови.

-Се обврзаме на редукција на стакленичките гасови до 51 отсто до 2030 година односно нето намалување на 82 отсто на емисиите. Во анализите на овој документ во стратегијата за енергетика, интергираниот план за клима, како и долгорочната стратегија за климатска акција се обврзуваме на развој на обновливите извори на енергија односно што повеќе проекти како што е овој денеска, рече Нуредини.

По повод денот на планетата Земја тој потсети на повеќето проекти кои се работат во Министерството за животна средина, како што се прогласување на Осоговски планини за заштитна зона, собраниска процедура за прогласување на Шар Планина за национален парк и други проекти.

–Владата го усвои планот на Министерството за животна средина за расчистување на депонијата во ОХИС, каде што опасните остатоци од линдан ќе бидат извезени и транспортирани во Франција, а еден друг дел во Холандија. Ова е за малата депонија, а работиме на усвојување на планот за управување и менаџирање на големата депонија. Имаме црни точки во државата, поднесовме измени во Законот за животна средина и ќе се обврземе како општество и држава да ги идентификуваме и елиминираме овие црни точки, рече Нуредини.

Министерството продолжува со работа на рехабилитација депонија Руисно, има процедура за заем од ЕБРД за обнова и развој на сите места каде се справуваат институциите со отпад, третман на отпадни води и субвенции за електрични автомобили.

извор: МИА

Next Post

Состанок на Граѓанскиот инспекциски совет отворен за јавноста

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk