ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Дигитализацијата не е само тренд, туку и потреба

April 24, 2021 13:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот концепт на основно образование бара интерактивност и не насочува кон истражување и решавање на проблеми, воедно не предлага учебници и учење дома, туку подолг престој во училиште и завршување на работите и задачите во училиште заради тоа што токму тоа е местото каде учиме, порача министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Не треба да имаме перцепција дека дигиталниот учебник е седење и читање ПДФ формат. Дигиталниот учебник е аудио симулација, анимација, факти и знаења кои се потребни но прикажани на соодветен и интересен начин за ученикот. Ние во текот на нашето живеење учиме од целата околина, но сега наставникот ќе има инструкција домашната задача да биде максимум 20 минути потрошени во домашни услови, што значи разговор или одредено истражување во средината во која живее за ученикот да се врати назад со информации кои следниот час ќе треба да ги потврдат и анализираат, рече Царовска во одговор на прашање пред почетокот на обуката на националниот тим на обучувачи на наставници од прво и четврто одделение.

Нагласи дека трендот на незадоволство од училиштето е многу голем кај учениците, не им е интересно во училиште заради содржините поставени во застарени и неприлагодени учебници кои не го задржуваат нивното внимание, а тоа, како што рече, директно влијае на негативните резултати кои ги има образовниот систем на сите можни тестирања што се спроведуваат и укажуваат дека како држава сме на дното во делот на образование.

-Училиштата со новиот концепт првпат ќе имаат обврска да им обезбедат уред на учениците кој ќе се користи во училиштето, но доколку од било кои причини не може да се користи надвор од училиштето ќе треба да им отпечатат верзија од учебникот. Целосно ги разбирам сите предизвици и нејаснотии кои ги имаат  родителите и наставниците, но целата реформа е фокусирана на потребата на учениците кои на таа возраст имаат потреба од современи алатки кои понатаму ќе им требаат за да се справуваат со предизвиците во кои ќе живеат, а живеат и денеска, рече Царовска.

Порача дека дигитализацијата не е само тренд, туку и потреба која се случува во целиот регион и целиот свет.

-Содржините кои можат да бидат поставени во дигитален учебник се многу посовремени, поинтересни и поскокотливи за учениците за да ги заинтересираат. Учениците растат и живеат со дигитални уреди и постојано се изложени на анимација која е невозможно да се постави во  печатен учебник, но тоа не значи дека немаме учебници, рече Царовска.

Потсети дека до минатата година главна тема на секоја родителска средба во училиштата беше тежината на ранците, а токму дигитализацијата е едно од решенијата како да ги спасиме учениците од непотребната тежина која ја носат.

-Учениците имаат можност да добијат и хартиена верзија и аудиоверзија, па дури и на Брајово писмо, што првпат се поставува, за  да можат сите да имаат пристап. На овој начин до учебници ќе дојдат и помалубројните етнички заедници за кои досега немаше печатени учебници. Дигитализацијата значи и насочување и интерактивно учење на учебникот и да може да научи дека нема само еден извор на информирање, туку повеќе. На овој начин првпат ќе се обидеме да направиме драстичен скок во квалитетот на наставниот материјал, прецизира Царовска.

Додаде дека печатените учебници насочуваат кон фактографско учење, кое не е цел на новиот концепт, но ако некој сака да го испечати учебникот, како што рече, ќе може тоа слободно да го направи зашто авторските и материјалните права ќе бидат на државата, дополнително и училиштето првпат има законска обврска да обезбеди печатена верзија за материјално необезбедените ученици.

извор: МИА
Next Post

Маск нуди 100 милиони долари за изум за отстранување на ЦО2 од атмосферата

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk