ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фридом хаус: Северна Македонија бележи демократски напредок, индексот зголемен од 3,75 на 3,82

April 28, 2021 11:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија бележи демократски напредок и го зголемила индексот на демократија од 3,75 на 3,82, за разлика од повеќето други земји во регионот, покажува извештајот на Фридом хаус „Нации во транзиција 2021“.

Сепак, и покрај демократскиот напредок, земјава и натаму е рангирана во групата на „преодни или хибридни режими“. Во категоријата „преодни или хибридни режими“ се опфатени изборни демократии каде демократските институции се кревки и постојат значителни предизвици за заштита на политичките права и граѓанските слободи.

Од земјите во регинот, напредок во индексот на демократија има уште само во Босна и Херцеговина од 3,32 на 3,36, а пад е забележан во Албанија од 3,82 на 3,75, Косово од 3,18 на 3,14, Црна Гора од 3,86 на 3,82, Србија од 3,96 на 3,89 и во Бугарија од 4,54 на 4,50.

Фридом хаус забележува дека државите од целиот регион се одвраќаат од демократијата или се наоѓаат заробени во циклусот на назадувања и делумни закрепнувања. Во извештајот „Нации во транзиција во 2021 година“, што ги опфаќа настаните од 2020 година, вкупно 18 земји бележат пад на индексот на демократија, само шест имаат напредок, а во пет држави состојбата останала непроменета

Северна Македонија во извештајот е посочена како позитивен пример и земја каде се бележи подобрување на демократијата.

– Во Северна Македонија, левоцентристичката влада на премиерот Зоран Заев поправи дел од институционалната штета нанесена од неговиот десничарски популистички претходник и сè уште има шанса да ги донесе придобивките од демократијата, оценува Фридом хаус.

Се посочува дека успешна демократска приказна особено му е потребна на Балканот, каде се бележи пад на демократските придобивки.

Во извештајот се укажува и на праксата во повеќе земји политичарите популисти да се закануваат и да малтретираат новинари и да шират страв со тврдења дека правата на ЛГБТ луѓето или на етничките и верските малцинства ќе и нанесат штета на мнозинската заедница. Тоа на краток рок може да донесе политички поени, но долгорочно прави штета на демократијата и промовира антидемократски вредности.

Фридом хаус, како случај каде се инструментализира опасна реторика за политичка добивка, го наведува „бугарското националистичко резонирање за блокирање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија“.

Во извештајот насловен „Андидемократски пресврт“ се предупредува и дека нападите врз демократските институции се шират побрзо од кога било во Европа и Евроазија и стануваат предизвик за самата демократија.

– Актуелните лидери и владејачките партии практикуваат коруптивно владеење и шират антидемократски практики низ целиот регион што се протега од Централна Европа до Централна Азија. Овие активности се опортунистички, но честопати се наметнуваат во идеолошка агенда. И како што стануваат сè почести, тие предизвикуваат влошување на условите што може да доведе до глобални последици врз почитувањето на човековите права и слободи.

Во текот на изминатата деценија, меѓу ерозијата на либералниот демократски поредок и подемот на авторитарните режими, идејата за демократија како аспиративна крајна точка започна да ја губи вредноста во многу земји. Неуспехот на институциите да одговорат на постојаните општествени проблеми, зголемената поларизација и растечката нееднаквост ги поттикнаа неизвесноста и гневот, а лошото управување со пандемијата COVID-19 од страна на главните демократии даде дополнителна храна за оние кои се заинтересирани да го искористат разочарувањето од традиционалното демократско управување, се истакнува во извештајот.

Фридом хаус укажува дека, сепак, граѓанското општество, политичките лидери и владите можат да се справат со антидемократските и авторитарни тенденции, застанувајќи во одбрана на демократските вредности.

извор: МИА

Next Post

Царовска на конференција за Холокаустот: образованието е најмоќната алатка справување со дискриминацијата, насилството и нетолерантноста

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk