ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Отворен повик за обука на жени претприемачи

May 5, 2021 17:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на проектот „WECAN“, што се спроведува од страна на Центар за управување со знаење, заедно со пет партнери од други европска земји, во месец мај и јуни 2021 предвидена е обука наменета за секоја возрасна жена која е подготвена да создаде вредност, да започне нов бизнис или да ги зголеми нејзините шанси и да ги надгради своите опции за кариера преку клучните претприемачки вештини.

Обуката е дел од националната пилот програма на проектот и истата ќе биде без надомест. Предвидено е истата да се спроведе од 17-ти мај до 10-ти јуни и ќе се одвива на онлајн платформата ZOOM.

– Имајќи го тоа на ум, доколку вие сте жена која сака да биде дел од едно поинакво спознавање и надградување на сопствените претприемачки вештини или доколку познавате некоја која може да биде заинтересирана, може да се пријавите така што ќе го доставите вашето CV и краток опис на вашиот сегашен бизнис или претприемачката идеја која сакате да ја спроведете, на следната е-маил адреса andrijanabd@knowledge-center.org, соопштија од Центарот за управување со знаењето.

Главна цел на овој проект е да ги поттикне позитивните перцепции на жените за нивните вештини преку процес на обука така што ќе научат што всушност е потребно за да се биде претприемач.

Како дел од активностите на проектот беше организирана обука која се состоеше од пет „WECAN“ сесии на кои жените претприемачи учествуваа со цел да го поттикнат својот професионален раст во нивниот деловен живот.

– Преку WECAN обуката, која траеше од 7-ми до 20-ти април, обучуваните жени беа во можност целосно да ги подобрат своите компетенции за да научат како да го одржуваат континуитетот на својот бизнис, поумешно да управуваат со ризиците, да знаат како да комуницираат и преговараат, да пишуваат деловни планови, подобро да се запознаат со дигитален маркетинг и да ги стекнат потребните лидерски вештини. Сесиите за обука на овој проект вклучија различни интерактивни предизвици како поткрепа за излез од комфор зоната соочувајќи ги со активности за кршење на мразот и приспособувајќи ги на социјализација од поинаков аспект преку новиот онлајн свет, додадоа од Центарот.

Дел од реализацијата на оваа прилагодена тренерска програма вклучува искуства преку учење како што се работилници, семинари, деловни разговори и групни дискусии, креативно размислување, но исто така и забавни и интерактивни игри, а покрај сите нив постои и платформа за учење преку Интернет (достапно на веб-страницата од WECAN).

– По евалуацијата на сите дневни активности и воопшто на целата програма, сите партиципанти добија сертификат за присуство, стекнаа незаборавно искуство и се поврзаа со нови луѓе одржувајќи контакт на интернационални релации. Знаењето со кое учесниците се збогатија преку оваа обука највеќе се должи на неконвенционалниот пристап на учење и растење како резултат на креативноста и потребата од споделување и заедничко креирање која се одвиваше на мултикултурно и меѓународно ниво, наведоа од Центарот.

извор: МИА
Next Post

Димитров: ЕУ да покаже дека е сериозна кога зборува за проширувањето

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk